АД МЕПСО ги предупредува земјоделците во екот на сезоната за наводнување и на жетва, да бидат особено внимателни додека ракуваат со опремата за наводнување, со земјоделската механизација и со дополнителната земјоделска опрема во близина на далекуводите од преносната мрежа. Од исклучително значење е земјоделците да се придржуваат кон следните напаствија:
- Не поминувајте со комбајни или друга робусна земјоделска механизација под проводниците
- Не поставувајте цевководни системи за наводнување под проводните јажиња на далекуводните траси
- Не ги кревајте во височина( вертикално) металните цевки од системите за наводнување под проводните јажиња на далекуводите бидејќи металот е проводник на електрична енергија и се изложувате на огромен ризик
- Не ги поставувајте прскалките за наводнување под проводните јажиња и во безбедносните коридори на далекуводите. Допирот на водениот млаз со проводните јажиња може да биде кобен по животот на лицата кои се наоѓаат под трасата на далекуводот
- Не палете стрништа во близина на далекувод бидејќи се загрозува доверливоста на електроенергетскиот систем.
Дополнително апелираме, спортските риболовци да бидат особено внимателни при манипулација со риболовните стапови во близина на далекуводите, а граѓаните да не вршат градежни работи на трасите на далекуводите и под јажињата за пренос на електрична енергија.
Да бидеме одговорни и да се грижиме за сопствениот и за животот на другите!
Не загрозувајте ја доверливоста на електропреносниот систем!