• МЕПСО и КОСТТ со заеднички чекор кон енергетска безбедност:  Интерконекција Тетово – Призрен добива конкретна динамика

МЕПСО и КОСТТ со заеднички чекор кон енергетска безбедност: Интерконекција Тетово – Призрен добива конкретна динамика

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 
Генералниот директор на АД МЕПСО, г. Бурим Латифи, заедно со својот тим, во Приштина оствари значајна средба со в.д. извршниот директор на косовскиот оператор КОСТТ, г. Шабан Незири.
Во центарот на разговорот беше стратешкиот проект за изградба на нова интерконективна линија од 400 kV Тетово – Призрен, со кој ќе се создаде силна енергетска врска помеѓу Северна Македонија и Косово. Проектот е дел од регионалниот план за развој на мрежата, усогласен со европската платформа ENTSO-E.
Клучни придобивки од проектот:
• Зголемување на капацитетите за пренос на електрична енергија меѓу двете земји;
• Подобрување на стабилноста и сигурноста на снабдувањето;
• Поголема ефикасност во трговијата со енергија во регионот;
• Поддршка за интеграција на обновливи извори и зелена транзиција.
Двете страни се согласија да ја интензивираат техничката и институционалната соработка за реализација на проектот од заеднички и регионален интерес.

© 2025 МЕПСО. Сите права се задржани.