• Пуштен во работа новиот 110  kV  далекувод ТС Велес-ТС Овче поле
  • Пуштен во работа новиот 110  kV  далекувод ТС Велес-ТС Овче поле
  • Пуштен во работа новиот 110  kV  далекувод ТС Велес-ТС Овче поле
  • Пуштен во работа новиот 110  kV  далекувод ТС Велес-ТС Овче поле
  • Пуштен во работа новиот 110  kV  далекувод ТС Велес-ТС Овче поле

Пуштен во работа новиот 110 kV далекувод ТС Велес-ТС Овче поле

Рејтинг на корисник: 5 / 5

Активна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвезда
 

Со симболично вклучување на прекинувачот, генералниот директор на АД МЕПСО г. Зуди Енуз го пушти во употреба новиот далековод кој ги поврзува трансформаторските станици во Велес и Овче поле.Станува збор за капитален инфраструктурен проект кој опфаќа изградба на нов далекувод на постоечката траса на далекуводот стар повеќе од 60 години.

Далекуводот е изграден за точно една година  и еве денеска го пуштаме во функција на граѓаните и стопанството од велешко-светиниколскиот регион, како дел од инфраструктурата неопходна за стабилно и доверливо снабдување со електрична енергија, рече директорот Енуз.

Со доследно спроведување на заложбите за континуирано и стабилно напојување со електрична енергија, додаде тој,  нашата компанија продолжува со исполнување на зацртаните цели за нова и модернизирана преносна мрежа која е клучен фактор во услови на растечки тренд на изградба на нови капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори.

Овој проект е само уште еден во низата на успешно реализирани проекти во текот на изминатава година и претставува автентична потврда на постигнатите резултати зад кои стојат вработените на АД МЕПСО.

110 kV далекувод ТС Велес-ТС Овче поле е со должина од 20,94 км и е поставен на 83 челично решеткасти столбови.

Изградбата на новиот далекувод чини 2,3 милиони евра  од кои дел се сопствени средства на АД МЕПСО, а дел се заем од ЕБРД. Изведувач на работите беше Конзорциум на Далековод, Загреб и ЕЛНОС, Бања Лука , а надзорот на градбата го вршеше Столб ДООЕЛ од Битола.


© 2024 МЕПСО. Сите права се задржани.