• Потпишан Меморандум за разбирање за спојување на пазарите на електрична енергија од регионот
  • Потпишан Меморандум за разбирање за спојување на пазарите на електрична енергија од регионот
  • Потпишан Меморандум за разбирање за спојување на пазарите на електрична енергија од регионот
  • Потпишан Меморандум за разбирање за спојување на пазарите на електрична енергија од регионот

Потпишан Меморандум за разбирање за спојување на пазарите на електрична енергија од регионот

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

Генералниот директор на АД МЕПСО,г. Зухди Енуз, директорот на МЕМО, Симон Шутиновски и претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски заедно со претставниците на преносните оператори, берзите на електрична енергија и регулаторните тела  од Албанија, Косово и Грција, денеска во Атина потпишаа меморандум за разбирање за спојување на пазарите на електрична енергија- ден однапред . Потпишувањето на овој Меморандум е еден дел од процесот на кој темелно и безрезервно работат сите балкански земји, рече  на денешниот настан директорот Енуз.

Процесот на спојување на пазарите на електрична енергија во единствен европски пазар на електрична енергија е моќна алатка за подобрување на ликвидноста на пазарот, обезбедува стабилност на мрежата, интегрирање на обновливите извори на енергија, зголемена транспарентност и конкуренцијата,  а од сето тоа корист ќе имаат и потрошувачите и стопанството и сите учесници на пазарот, бидејки се создава подинамичен и поефикасен пазар на електрична енергија, додаде тој.

Спојувањето во единствен пазар на електрична енергија воведува нова ера на енергетска соработка, која ветува значителни предности за Северна Македонија, Албанија, Косово и Грција и тоа во делот на подобрување на енергетската безбедност  и интегрирање на нови извори на енергија  а потрошувачите ќе добијат конкурентни и пониски цени на електрична енергија.


© 2023 МЕПСО. Сите права се задржани.