• Balkan Digital  Highway - Годишен состанок на електропреносните систем оператори

Balkan Digital Highway - Годишен состанок на електропреносните систем оператори

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 
Проектот Balkan Digital Highway на едно место ги собра сите електропреносни систем оператори од Балканот. На состанокот кој се одржа во Приштина – Косово, АД МЕПСО  беше  претставена од генералниот директор, Зухди Енуз. На оваа средба се разговараше за степенот на имплементација и бројните  можности што ги нуди овој проект во насока на подобро поврзување на земјите од Западен Балкан на национално и регионално ниво.

Меѓу комерцијалните и социјалните придобивки што ги овозможи Balkan Digital  Highway секако е и зголемувањето на пристапот до Интернет за сите граѓани и бизниси преку создавање регионална инфраструктура за поширок интернет преку преносните  мрежи на државните преносни оператори.

Balkan Digital  Highway, како  проект поддржан од Светска Банка и финансиран од WBIF, се очекува да го отвори патот за првата соработка за дигитално поврзување меѓу Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Црна Гора.

Генералниот директор на оваа средба беше придружуван од членовите на Управниот Одбор: Никола Рилак, Билен Саљији, Томи Божиновски, Лупчо Зиков, како и проект менаџерот Јасмина Кецап.

© 2023 МЕПСО. Сите права се задржани.