АД МЕПСО во врвот на најтранспарентни компании

АД МЕПСО во врвот на најтранспарентни компании

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

АД МЕПСО е една од топ 3-те јавни претпријатија и компании кои имаат највисоко ниво на транспарентност. Мониторингот спроведен од страна на Агенцијата за заштита на правото на пристап до информации од јавен карактер, покажа дека од веб страната на АД МЕПСО,  лесно и едноставно може да се добие информација која е од интерес на граѓаните/ баратели на информација од јавен карактер и дека истите се јасни, разбирливи и редовно се ажурираат.

Според листата на 49 анализирани јавни претпријатија во надлежност на Град Скопје и општините, како и јавни претпријатија и акционерски друштва во државна сопственост, АД МЕПСО оваа година се најде на високото второ место што практично значи скок од 10 места во однос на 2020 г. кога компанијата беше позиционирана на 12 -то место според транспарентност на податоците.

Информациите за работата на имателите им овозможуваат на граѓаните адекватно да донесуваат заклучоци и да партиципираат во носењето на одлуки за прашања кои се од нивен интерес. Воедно имателите на информации го добиваат потребниот легитимитет, бидејќи демонстрираат одговорност во своето работење, а со тоа ја враќаат довербата на граѓаните во институциите,наведува Агенцијата.

Целта на мониторингот е да се детектираат состојбите во спроведувањетро на обврската на имателите на информации од јавен карактер за проактивно објавување на 22-те категории информации на нивните веб-страници како прв информатор  за граѓаните и услугите кои ги даваат.

Линк до извештај на азпспијк


© 2024 МЕПСО. Сите права се задржани.