АД МЕПСО потпиша Меморандум за соработка со ФИНКИ

АД МЕПСО потпиша Меморандум за соработка со ФИНКИ

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

АД МЕПСО и Факултетот за информатички науки и компјутерско инежнерство ( ФИНКИ) , при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј”  од Скопје,  потпишаа Меморандум за соработка кој меѓудругото ќе им овозможи на студентите на овој факултет да стекнат искуство и знаење од професионалците во АД МЕПСО и заеднички да работат на развојно- истражувачки проекти поврзани со преносот на електрична енергија во и од Р Северна Македонија.

Со потпишаниот Меморандум, студентите на ФИНКИ ќе можат да се запознаат со работата и процесите во компанијата, a меѓусебната соработка ќе се одвива на ниво на апликативни проекти и магистерски трудови, консултативни активности, обезбедување на пракса за студентите запишани на студиски програми од интерес на АД МЕПСО, како и наградување и стипендирање на студенти од завршните години.

АД МЕПСО во континуитет вложува во создавање и унаредување кадри од областа на електроенергетиката кои се надеваме дека еден ден ќе бидат дел од колективот на компанијата.


© 2023 МЕПСО. Сите права се задржани.