АД МЕПСО и Факултетот за информатички науки и компјутерско инежнерство ( ФИНКИ) , при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” од Скопје, потпишаа Меморандум за соработка кој меѓудругото ќе им овозможи на студентите на овој факултет да стекнат искуство и знаење од професионалците во АД МЕПСО и заеднички да работат на развојно- истражувачки проекти поврзани со преносот на електрична енергија во и од Р Северна Македонија.
Со потпишаниот Меморандум, студентите на ФИНКИ ќе можат да се запознаат со работата и процесите во компанијата, a меѓусебната соработка ќе се одвива на ниво на апликативни проекти и магистерски трудови, консултативни активности, обезбедување на пракса за студентите запишани на студиски програми од интерес на АД МЕПСО, како и наградување и стипендирање на студенти од завршните години.
АД МЕПСО во континуитет вложува во создавање и унаредување кадри од областа на електроенергетиката кои се надеваме дека еден ден ќе бидат дел од колективот на компанијата.