АД МЕПСО ги предупредува земјоделците во екот на сезоната за наводнување и на жетва, да бидат особено внимателни додека ракуваат со опремата во близина на далекуводите од преносната мрежа.
- Не поминувајте со комбајни или друга робусна земјоделска механизација под проводниците
- Не поставувајте цевководни системи за наводнување под проводните јажиња во далекуводните траси
- Не ги кревајте во височина металните цевки од системите за наводнување под проводните јажиња на далекуводите бидејќи металот е проводник на електрична енергија и се изложувате на огромен ризик
- Не ги поставувајте прскалките за наводнување под проводните јажиња и во безбедносните коридори на далекуводите од преносната мрежа. Допирот на водениот млаз со проводните јажиња може да биде кобен по живот на лица кои се наоѓаат под трасата на далекуводот
- Не палете стрништа во близина на далекувод бидејќи се загрозува доверливоста на електроенергетскиот систем
Дополнително апелираме спортските риболовци да бидат особено внимателни при манипулација со риболовните стапови во близина на далекуводи, а граѓаните да не вршат градежни работи на трасите на далекуводите, под јажињата за пренос на електрична енергија.
Да бидеме одговорни и да се грижиме за сопствениот и за животот на другите!
Не загрозувајте ја доверливоста на електропреносниот систем!