Муртезани-Поддршката за стопанството во делот на електричната енергија ќе оди според законските можности

Муртезани-Поддршката за стопанството во делот на електричната енергија ќе оди според законските можности

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

Дејствијата на Владата кои се црпат од Уредбата за кризна состојба  во енергетскиот сектор не треба да се косат со законите, рече генаралниот директор на АД МЕПСО Орхан Муртезани во вчерашната емисија на ТВ Алсат “Економски магазин”. Во однос на барањата на бизнис заедницата за кои расправше Економскиот совет, тој рече дека иако кризна состојба се прогласува за да Владата има повеќе одвзани раце, не може да се дејствува спротивно или над законите.

Сакам да ги уверам граѓаните и бизнис секторот дека Владата е потполно свесна за реперкусиите коишто компаниите ги трпат од растот на цената на електричната енергија, но секако поддршката треба да оди низ законските можности. Директното субвенционирање на приватните компании од страна на Владата е оневозможено заради еден сет од закони. Се работи наизнаоѓање можни решенија, но не е лесно, никој нема магично стапче со кое проблемот ќе се реши преку ноќ. Енергетскиот пазар е регулиран со сет мерки од национален, регионален и меѓународен карактер. Никој не можел да предвиди да изгради систем кој ќе оди надвор од сите правила во кризни времиња.Тој проблем го neмаме само ние туку цела Европа, рече првиот човек на АД МЕПСО, Орхан Муртезани.

Во однос на трговците со електрична енергија, Муртезани потенцираше дека во периодот што следи нема да се повтори ланската пракса кога се повлекуваа големи количини електрична енергија од европската енергетска мрежа.  Систем без отстапувања не постои во светот, но тоа треба да биде во одредена мерка за да може системот да се менаџира, дециден е тој.

Банкарските гаранции се зголемени во зависност од обемот на работа на секој трговец а наплата сега ќе се врши многу побрзо. Има компании на кои гаранциите им се зголемени за дури четири пати внимавајќи при тоа на фактот дека Уредбата за кризна состојба бара институциите внимателно да постапуваат за да дополнително не се создаваат финансиски оптоварувања за учесниците на пазарот. Фиксната гаранција изнесува еден милион денари а варијабилната за новите учесници е 1,5 милиони денари.За учесниците кои пак на пазарот се над 13 месеци, гаранцијата варира врз основа на нивните фактури. За да ги избегнеме долгите судски процедури сега во договорите има извршна клаузула па доколку тие не ги подмируваат своите обврски, МЕПСО има можност веднаш да ги даде на извршување.Во процедура се и измени на пазарните правила според кои МЕПСО ќе има поголем увид на состојбите и на дневна основа ќе може да ги превенира евентуалните отстапувања, рече Муртезани.

Во насока на тоа дека сите институции и компании ги чувствуваат последиците од растот на цените на електричната енергија, Муртезани наведе дека за првото полугодие од 2022 г. во споредба со 2021 г., трошоците за системски услуги на компанијата се зголемени за 75 % или девет милиони евра а  трошоците за техничките загуби за пренос на електрична енергија се 336% поголеми или над 10 милиони евра.

Прилог емисијата "Економски магазин" ТВ Алсат-М, 05.10.2022


© 2024 МЕПСО. Сите права се задржани.