На почеток > За нас > Излагање на Владимир Здравев

 

Почитувани,

Горди сме на големите успеси кои ги постигнавме како тим во 2008 година. Без лажна скромност резимето на резултатите покажува најуспешна година во изминативе пет години постоење на АД МЕПСО. Како оператори на електроенергетскиот систем обезбедивме доверлива работа на системот и безбеден пренос на електрична енергија до нашите клиенти. Осмисливме и спроведовме успешни аукции за продажба на ноќни вишоци електрична енергија за прв пат во историјата на електроенергетскиот систем. Со тоа ја подобривме рационалноста на системот и ефикасноста на производствените капацитети.

Осмисливме и спроведуваме аукции за алокација на прекуграничните преносни капацитети. Јавно и транспарентно со подеднаков третман и рамноправност на сите регистрирани трговци на електроенергетскиот пазар во земјава. Резултатите се евидентни, задоволни се клиентите. Како оператори на преносната мрежа во 2008 година ја направивме оперативна најголемата високонапонска електро-енергетска инвестиција. Новата 400 kV интерконекција помеѓу Р. Македонија и Р. Бугарија меѓу Штип и Црвена Могила. Со тоа коридорот 8 стана реалност во делот на електроенергетското поврзување меѓу Македонија и Бугарија. МЕПСО отвори нова страница во подобрувањето на билатералните односи во регионов и во зајакнувањето на економските врски меѓу две соседни земји. Наш врвен приоритет е инвестирање и подобрување на високонапонската мрежа. Во 2008 година поставен е втор енергетски трансформатор во 400/110 ТС Скопје 5, трафостаница од витално значење за Скопје. Изградено е и ново далеководно поле во 400/110 kV во ТС Дуброво, најзначајниот енергетски јазол на нашата високонапонска мрежа.

Посветени на работата и истрајни во намерата сега се гордееме со резултатите, затоа што го подобривме квалитетот на услугата што ја нуди АД МЕПСО. Пренос на електрична енергија до секој клиент и доверлива работа на електроенергетскиот систем се наш единствен приоритет.

Овие резултати се голем предизвик, но и поттик, за во тековнава година да го започнеме 400 kV интерконекција помеѓу Македонија и Србија од Штип до Ниш. Паралелно со тој проект ја завршуваме и пуштаме во работа најмодерната трафостаница во земјава која се гради во Штип, која воедно е најголема инвестиција во високонапонската мрежа во тој регион во изминативе 30 години. Нашата мисија е наша визија,

дипл. маш. инж. Владимир Здравев,
генерален директор на МЕПСО