Служба за одржување далеководи
Одржување на далеководната мрежа
-
Редовното одржување на далеководната мрежа во 2008 година се извршуваше претежно спрема годишниот и неделните планови за работа.
Обемот на извршените работи беше согласно задачите и обврските кои произлегуваат од работните задачи и соодветно на тоа беа ангажирани за:
редовни прегледи, ревизии и ремонти, реконструкција и ревитализација на далеководна мрежа.
Покрај работите од редовното одржување вработените беа ангажирани и во активности за работи кои не беа предвидени со годишните и неделните планови, а произлегуваа од моменталните потреби на електроенергетскиот систем.
Позначајни и со поголем обем на активности при реконструкции и ревитализации на објекти се одвиваа на:
- ревитализација на дел од далеководот ТС Вруток - ХЕЦ Шпиље со замена на стари капасти порцелански изолатори со нови стаклени капасти изолатори и презатегање на проводниците;
- промена на старите пoрцелански капасти изолатори со нови стаклени капасти изолатори и презатегање на проводниците на 35kV далековод ТС Скопје 4 – ТС Скопје 2;
- демонтажа и монтажа на примарните врски на трансформаторот во ТС Скопје 1;
- демонтажа и монтажа на примарните врски на трансформаторот во ТС Дуброво;
- посебно ангажирање на далеководните екипи имаше на 400kV далековод ТС Штип – македонско-бугарска граница, каде што истите беа ангажирани за расчистување на далеководниот коридор од дрва, а потоа и на интерните технички прегледи и приеми на далеководите 400kV ТС Штип – Македонско Бугарска граница и ТС Битола 2 – Грчка граница.
Исто така ДВ екипите беа ангажирани на санацијата на дефекти на далеководите:
- ТС Скопје 1 – ТС Ѓорче Петров;
- ТС Скопје 4 – ТС Скопје 3;
- ТС Скопје 4 – ТС Скопје 2;
- Вруток – ТС Скопје 1;
Во заеднички операции со екипи на АД ЕМО – Охрид и на МЕПОС Оператива од Кавадарци.
Ангажирањето на вработените во Секторот во текот на 2008 се одвиваше на:
- работи во редовно одржување и работи на отклонување на дефекти и реконструкции на објекти во Подружницата ОПМ;
- ангажирање на стручни лица од Секторот во стручни комисии за изработка на тендерска документација, ревизии на Изведбени проекти, елаборати, за интерни технички прегледи и вршење на стручен надзор на електромонтажни работи при градба и реконструкцијана Далекуводи и трафостаници.
Позначајни од овие активности се:
Учество во комисии за технички прегледи, приеми и ревизиите на проектите за изместување на далеководите заради изградбата на северната обиколница на град Скопје и тоа:
- усогласување на проектот за изместување на ДВ бр. 104/103/3 ТС Скопје 1 – ТС Тетово 1 кај Кучевишка бара;
- усогласување на проектот за изместување на ДВ бр. 125 ТС Скопје 1 – Миладиновци 1 кај Стајковци;
- усогласување на проектот за изместување на ДВ бр. 126 ТС Скопје 1 – Миладиновци 2 кај Стајковци;
- интерен технички прием на 400kV далековод ТС Битола 2 – грчка граница;
- интерен технички прием на 400kV далековуд ТС Штип (Дуброво) – македонско- бугарска граница;
- приклучок на 400kV далековуд ТС Штип (Дуброво) – македонско-бугарска граница од портал во Дуброво до столб бр. 1;
- поврзување (bs pass) на 400kV далековуд ТС Штип (Дуброво) – македонско-бугарска граница помеѓу столб бр. 114 од ДВ Дуброво – Штип со столб бр. 1 од ДВ Штип – македонско-бугарска граница во Штип;
- учество во изработка на тендерска документација за новиот110kV ДВ Скопје 1 – ТС Тетово;
- учество во изработка на тендерска документација за новиот110kV ДВ Битола 1 – ТС Прилеп 1;
- учество во изработка на тендерска документација за 110kV приклучок (влез - излез) на ТС 110/35kV Петровец;
- учество во изработка на тендерска документација за ревитализација на 110kV ДВ ХЕЦ Шпиље – ХЕЦ Глобочица;
- учество во изработка на тендерска документација за ревитализација на 110kV ДВ ХЕЦ Глобочица – ТС Струга;
- учество во изработка на тендерска документација за дислокација на 110kV ДВ ТС Штип 1 – ТС Штип 2; 110kV ДВ ТС Штип 1 – ТС Кочани; 110kV ДВ ТС Штип 1 – ТС Пробиштип, заради изградба на 400/110kV ТС Штип;
- учество во комисијата за електрификација на не електрифицираните села во Република Македонија;
Работите во редовно одржување, како и работите на отстранување дефекти и реконструкција на објекти се дадени :
- во јануари :
- исечена вегетација 21 празнина
- заменети 147 изолатори
- наместени се 219 винкли и вградени 466 завртки со навртки
- заменети 4 струјни мостови
- во февруари:
- исечена вегетација 32 празнина
- заменети 92 изолатори
- наместени се 509 винкли и вградени 1018 завртки со навртки
- поставени 10 анкери на хаварисани ДВ
- во март :
- исечена вегетација 68 празнина
- заменети 30 изолатори
- наместени се 78 винкли и вградени 232 завртки со навртки
- поставени 8 крпачи и 2 компресивни спојници
- во април:
- исечена вегетација 22 празнина
- заменети 90 изолатори
- наместени се 164 винкли и вградени 484 завртки со навртки
- поставени 10 плочи на столбови
- во мај :
- исечена вегетација 25 празнини
- заменети 78 изолатори
- наместени се 81 винкли и вградени 172 завртки со навртки
- поставени 3 струјни мостаи
- во јуни:
- исечена вегетација 50 празнини
- заменети 208 изолатори
- наместени се 28 винкли
- вградени 94 завртки со навртки
- во јули:
- исечена вегетација 21 празнини
- заменети 65 изолатори
- наместени се 359 винкли и вградени 1010 завртки со навртки
- заменети 7 струјни мостови и струјни клеми
- во август:
- исечена вегетација 10 празнини
- заменети 46 изолатори
- наместени се 270 винкли и вградени 512 завртки со навртки
- заменети се шест спустови и шест анкери
- во септември:
- исечена вегетација 12 празнини
- заменети 2 изолатори
- наместени се 251 винкли и вградени 589 завртки со навртки
- поставени се шест спустови и единаесет анкери
- во октомври:
- исечена вегетација 39 празнини
- заменети 57 изолатори
- наместени се 134 винкли и вградени 345 завртки со навртки
- поставени се шест анкери, шест спустови и наставено едно проводно јаже
- во ноември:
- исечена вегетација 30 празнини
- заменети 91 изолатори
- наместени се 135 винкли и вградени 435 завртки со навртки
- поставени се 6 анкери, 11 спустови и 7 струјни мостови
- во декември :
- исечена вегетација 19 празнини
- заменети 99 изолатори
- наместени се 104 винкли и вградени 176 завртки со навртки
- поставени се седум струјни мостови