На почеток > Извештај за работата на ОПМ > Служба за мерење и развој

Служба за мерење и развој

 

  • Службата за мерење и развој во текот на 2008година беше ангажирана на работни задачи согласно доменот на своите обврски и работи кои произлегоа од тековното работење во Секторот за далеководи.

    1. Анализи, систематизирање податоци, имплементација на проекти:

  • Преглед и систематизирање на податоци за настаните во 400 kV , 220 kV и 110 kV преносна мрежа со опсервација за поширок временски период како подлога за изработка на анализи за работењето на преносните далеководи и како подлога за подготвување на годишни планови за работа во делот на мерењето;
  • Анализи и испитување на можност за примена на композитни полимерни изолатори во преносот на електрична енергија при изградба на далекуводите, од аспект на предности и недостатоци споредено со конвенционалните типови изолатори;
  • Имплементација на проектот за ревитализација на заземјувачки системи - изведба на додатно заземјување на:
  • 220kV ДВ бр.255 ТС Скопје 1 – ХЕ Вруток;
  • 110kV ДВ бр.121/1, 121/2, 121/3 ТС Охрид 2 – ТС Ресен – ТС Битола 4;
  • 110kV ДВ бр. 107/1, 107/2 ТС Кичево – ТС Сопотница – ТС Битола 1;
  • 110kV ДВ бр.106/2 ТЕ Осломеј – ТС Кичево

    2. Активности во врска со вршење на стручен надзор над:
  • Реконструкција на 220 kV и 110 kV ДВ кои се вкрстуваат со автопатот “Северна обиколница на град Скопје”;

    Превземани се активности на:
  • 220 kV ДВ бр.255 ТС Скопје 1 – ХЕ Вруток;
  • 110 kV ДВ бр.104/103/3 ТС Скопје 1 – ТС Јегуновци;
  • 110 kV ДВ бр.125 ТС Скопје 1 – Миладиновци 1;
  • 110 kV ДВ бр.126 ТС Скопје 1 – Миладиновци 2;
    Во склоп на овие активности спроведени се и лабораториски испитувања на материјали кои се вградуваат во далеководите и контролни испитувања на пресување со преса на изведувачот;

    3. Атестна документација и технички решенија:
    - Подготвена е атестна документација за далеководни столбови за кои е спроведено мерење на отпор на заземјување во 2008 година:
  • 400 kV ДВ бр. 422 ТС Дуброво – Грчка граница
  • 400 kV ДВ бр. 421 ТС Скопје 4 – ТС Дуброво
  • 110 kV ДВ бр. 171 ТС Кочани – ТС Македонска Каменица
  • 110 kV ДВ бр. 116 ТС Штип – ТС Пробиштип
  • 110 kV ДВ бр. 164 А,Б ТС Битола 2 – ТС Битола 3
  • 110 kV ДВ бр. 136 А,Б ТС Битола 1 – ТС Битола 2
  • 110 kV ДВ бр. 120/2 ТС Струга – ТС Охрид 1
  • 110 kV ДВ бр. 181 ТС Битола 2 – ТЕ Битола 3
  • 110 kV ДВ бр. 151 ТС Битола 2 – ТЕ Битола 1
  • 110 kV ДВ бр. 152 ТС Битола 2 – ТЕ Битола 1
  • 110 kV ДВ бр. 153 ТС Битола 2 – ТЕ Битола 2

  • За предложени локации врз основа на Извештаи од извршени мерења од претходни години подготвени се конкретни технички решенија за подобрување на заземјувањето со додатни заземјувачи во форма на испусти, заеднички прстени на четирите стопи или со поставување на сонди. Изборот на типот на додатниот заземјувач е направен согласно околностите на теренот и составот на почвата, како и категоријата на пристапност.
    Донесени се вкупно 145 технички решенија, а третирани се далекуводите: 400kV ДВ бр.420/1 ТС Скопје 5 – Косово Б, 110kV ДВ бр.117/1 ТС Кавадарци – ТС Дуброво, 110kV ДВ бр.108/3 ТС Скопје 1 – ТС Ѓ. Петров, 110kV ДВ бр.105/1 ТС Велес – ТС Овче Поле, 110kV ДВ бр.104/103/3 ТС Скопје 1 – ТС Тетово, 110kV ДВ бр.111 ХЕ Вруток – ХЕ Шпиље, 110kV ДВ бр.113/1А, 113/1Б, 113/2, 114 ТС Велес – ТС Велес 2 – ТС Згрполци – ТС Кавадарци – ХЕ Тиквеш, 110kV ДВ бр.119/1 ТС Скопје 1 – ТС Куманово, 110kV ДВ бр.122 ТС Кавадарци – ТС Прилеп 1, 110kV ДВ бр.125 ТС Скопје 1 – Миладиновци, 110kV ДВ бр.131/1, 131/2, 132/1 ТС Штип 1 – ТС Штип 2 – ТС Бучим – ТС Радовиш, 110kV ДВ бр.183 ТС Охрид 1 – ТС Охрид 2.

    4. Тендерска документација
  • подготвена е тендерска документација за ревитализација - изведба на додатно заземјување на 145 столбни места за претходно посочените далеководи, согласно донесените технички решенија.
    Со подготвената тендерска документација за изведба на додатно заземјување кај далеководните столбови се опфатени сите можни комбинации на технички решенија од аспект на типови на заземјувачи, вид на користен материјал, ископи во различни состави на почва и начин на вршење на ископите, материјали за оплеменување на средината во која се поставува заземјувачот, различни можности за пристап на теренско возило на локацијата каде ќе се работи (лесно или отежнато) и друго;

    5. Промоции и презентации
  • Во склоп на своите активности Службата организира презентација на фирмата Трефинаса од Шпанија, производител од групацијата ИТРАК – Белгија, во врска со новите типови проводници со поголема пропусна моќ од типот ТАЦСР (Termal Resistant Aluminium Alloy Conductors), СТАЦИР и ТАЛ кои можат да најдат примена во преносната мрежа (согледувања од технички и економски аспект);
    Мерниот инструмент со кои Службата ги извршуваше мерењата е микропроцесорски контролиран универзален мерач на отпор на заземјување со потполно автоматизирана мерна фрекфенција тип САТУРН ГЕО Џ надграден со дополнителен уред – надворешен струен трансформатор.
    Согласно законската обврска за периодичен преглед, односно калибрација на мерилото со кое се врши мерење на отпор на заземјување (Правилник за одредување на видовите мерила за кои е задолжително испитување на типот и прегледот и роковите во кои се врши периодичен преглед на еталоните и мерилата, Службен весник на Р.Македонија бр.19/96г), Службата превзеде активности за спроведување на калибрација на мерилото (и на струјниот трансформатор кој се користи во склоп со мерилото) во Бирото за метреологија, Министерство за економија.

    Далекoводи на кои е вршено мерење на отпор на заземјување и визуелен преглед на видливиот дел од заземјувачкиот систем се:
  • 400 kV ДВ бр. 422 ТС Дуброво – Грчка граница
  • 400 kV ДВ бр. 421 ТС Скопје 4 – ТС Дуброво
  • 110 kV ДВ бр. 171 ТС Кочани – ТС Македонска Каменица
  • 110 kV ДВ бр. 116 ТС Штип – ТС Пробиштип
  • 110 kV ДВ бр. 164 А,Б ТС Битола 2 – ТС Битола 3
  • 110 kV ДВ бр. 136 А,Б ТС Битола 1 – ТС Битола 2
  • 110 kV ДВ бр. 120/2 ТС Струга – ТС Охрид 1
  • 110 kV ДВ бр. 181 ТС Битола 2 – ТЕ Битола 3
  • 110 kV ДВ бр. 151 ТС Битола 2 – ТЕ Битола 1
  • 110 kV ДВ бр. 152 ТС Битола 2 – ТЕ Битола 1
    При мерење на отпорот на заземјување на столбните места кај наведените далекoводи истовремено е вршена и проверка на сигурносни висини, оддалечености на проводниците од дрвја и евентуално новоизградени објекти. Мерење на сигурносни висини е извршено и на други далекуводи каде е проценето дека има потреба од проверка при вкрстување на водови со друга инфра структура.