- Како организациона единица во состав на Подружница “ОПМ” при АД МЕПСО – Скопје, Секторот за далекуводи се грижи за одржување и ревитализација на преносната 110;150;220 и 400kV електроенергетска мрежа на Македонија.
Секторот за далеководи е организиран така што има две служби и тоа:
- Служба за одржување;
- Служба за развој и мерење;
Служба за одржување во својот состав има две далеководни екипи :
- далеководна екипа со седиште во Скопје;
- далеководна екипа со седиште во Битола;
- Службата за развој и мерење
Далеководната 35; 110; 150 (110); 220 и 400kV мрежа која ја одржува Секторот Далеководи е со вкупна должина од 2134,92 километри и тоа:
Далеководна мрежаНапонско ниво35kV110kV150(110)kV220kV400kVДолжина во км22.301479.7222.5103.2507.2
Од табелата се гледа дека секоја година должината на далеководната мрежа се зголемува (во однос на 2004 година кога била 2.046 километри). Само во тековната година се пуштени во работа 2 (два) 400kV далеководи и тоа ТС Битола 2 – Грчка граница и ТС Штип (Дуброво) – македонско-бугарска граница со вкупна должина од 88,47 километри.