Извештај

 

  • Македонскиот електро преносен систем оператор покрај другите ја доби и лиценцата за организирање и управување со Пазарот на електрична енергија и со тоа има задача:
    - организација на пазарот на електрична енергија;
    - воспоставување, организирање и контрола на тргувањето со моќност, електрична енергија и системски услуги, вклучувајќи го и прекуграничното тргување;
    - краткорочна прогноза (неделна, дневна и часовна) на потребите од електрична енергија;
    - постапка за порамнување на договорените и остварените трансакции врз основа на мерењата направени од страна на операторот на електроенергетскиот систем;
    - следење на состојбите и појавите на пазарот на електрична енергија со цел за спречување на неконкурентни однесувања;
    - механизам за барање и добивање информации од други вршители на дејности за развојот на конкурентските односи на пазарот;

    Службата за организирање и управување со пазар на електрична енергија или ОПЕЕ моментно е екипирана со 4 вработени: еден раководител и 3 инженери за пазарни операции;

    Во 2008 година работата на службата најмногу се концентрираше на :
    - Воспоставување на заемна соработка помеѓу трговците со електрична енергија и Операторот на пазар на електрична енергија во смисла на доставување на копии од купопродажните договори ,без комерцијалните детали, од страна на трговците до ОПЕЕ, како и дефинирање на правила и процедури за исполнување на претходно наведената законска обврска на трговците;
    - Склучување на договори со квалификуваните потрошувачи за урамнотежување на отстапувањата на неделно ниво и спроведување на обврските согласно тие договори; - Службата за оваа година како главна цел го има изготвувањето на Правилата за пазар на електрична енергија кој треба да го уредат работењето на пазарот на електрична енергија во Република Македонија;
    - Склучување на договори за отстапување од физичките номинации со трговеците на електрична енергија;
    - Прибирање на информации за потребите од увоз на електрична енергија на ЕЛЕМ, ЕВН Македонија и квалификуваните потрошувачи, (месечно и неделно), за потребите на ОЕЕС за пресметка на расположливи преносни капацитети (ATC) како и за свои потреби за планирање и извршување на сите тековни задачи;