На почеток > Извештај за работата на OЕЕС > Активности на Секторот за техничка информатика

Активности на Секторот за техничка информатика

  • Секторот за ТИ кој е задолжен за развој, имплементација и експлоатација на Системите за далечински надзор и управување и Automation Meter Reading системот, како и за изготвување на тендерски документации, набавка, инсталации и пуштање во работа на нови системи, и тековно одржување на целиот ТСУ се состои од две Служби - Службата за SCADA/EMS и Службата за мерења.

    Инвестициска програма

    Во текот на 2008 година Секторот за ТИ работеше на реализација на неколку проекти финансирани од страна на Светска Банка односно од Европската Банка за Обнова и Развој (ЕБРД).
    СБ: ЕСЦЕЕ АПЛ-3 Маcеdonia Project; Пакет 9 – “ Консултантски услуги за разграничување од Дистрибуција”. Се работеше на евалуација на Понудите за Консултантски услуги за изработка на Тендерска документација за потребите на разграничување од Дистрибуција. Направен е евалуациски извештај и доставен до Банката на одобрување. Извештајот е прифатен и одобрен во 2009.

    Во рамките на подготовка на подлоги за Пакет 10, ЛОТ 1 (Набавка и инсталација на Remote Terminal Unit и мерни претворувачи) и ЛОТ 2 (Набавка и инсталација на нови Substation Control Systems) извршени се работни посети на трафостаниците кои се предмет на разграничување со ЕВН и генерирани предлози за технички решенија за надзор и правување со овие ТС;

    ЕБРД: Пакет 2 - Изработка на Тендерска документација, Распишување на Јавен повик за Испорака и инсталација на нови управувачки единици за ТС Скопје 4 и ТС Дуброво (надзор и управување со 400 kV напонско ниво во овие две ТС). Договорт е склучен во 2009.
    ЕБРД: Пакет 3 – Прибирање на подлоги и изработка на Тендерска документација за Испорака и инсталација на нови системи за надзор и управување со ТС Битола 2 и ТС Скопје 1.

    Реализацијата на дел од горенаведените проекти е поврзана со проширување односно надградба на постојните системи во ТС. Така, за потребите од проширување на функциите на постојните Хронолошки Регистратори на Настани во ТС Скопје 4 и ТС Дуброво до целосни SCADA системи, извршена е изработка на потребната тендерска документација односно функционални барања и технички спецификации.
    Една од основните активности на Секторот за ТИ беше работата на разграничувањето помеѓу МЕПСО и ЕВН ( изработување на функционални барања, изработување на предлози за распределба на опремата, увид во постојната состојба со анализа на можни просторни разграничувања итн).

    Експлоатација, превентивно и тековно одржување

    Основни активности на Секторот за ТИ беа:

  • Експлоатација и одржување на постојната платформа на Energys Management System во Националнио Диспечерски Центар на АД МЕПСО;
  • Одржување на постојните системи за Хронолошка Регистрација на настани во ТС;
  • Одржување на постојните системи за надзор и управување со ТС (Remote Terminal Unites, SCADA);
  • Експлоатација и одржување на системот за далечинско отчитување на броилата за електрична енергија – Аutomatic Meter Reading System, Converge;
  • Data Base Management – креирање репорти (дневни, неделни, месечни), архивирање на податоци
  • Превентивно и тековно одржување на телеинформатичката и телемерна структура на МЕПСО (модеми, ТЦИ, локална мрежа, МТУ уреди
  • Креирање на месечни извештаи со податоци за 15 минутни состојби на регистрите на дигиталните броила
  • Тековно одржување на имплементираните броила

    Надградба

  • Извршена е изработка на тендерска документација со функционални барања и технички спецификации и за надградба на постојната SCADA платформа во ТС Скопје 5, со реализација на функцијата на Automatic Voltage Regulation;
  • Изготвена е тендерска документација за набавка на нови броила за електрична енергија;
  • Извршена е инсталација и пуштање на нови броила (за нови ДВ полиња и директни потрошувачи);


    Активности на Службата за SCADA/EMS и одделение за Electronic Highway за 2009 година

  • Контрола и интервенција на функционалноста на серверите на EMS системот;
  • Процедури за backup на архивираните податоци и пораки на трака од SCADAта во НДЦ;
  • Изработка на нова конфигурација (промена на параметри) и нејзино вчитување во REC561 за општи потреби;
  • Промена на мерења на Диспечерска табла;
  • Имплементација на нови броила во АД МЕПСО, поради замена на дефектни броила, проширување со нови далекуводни полиња и нови директни потрошувачи во системот за AMR (Converge);
  • Дополнување во процесирање на податоците со дел од броилата кои ќе имаат функија на контролни
  • Секојдневна аквизиција на броилата со грешка во читање на податоците ( Error Groups);
  • Подготовка дневни извештаи за интерконективните водови за потребите на Диспечерска служба;
  • Подготовка неделни извештаи за Директните потрошувачи за Служба за пазар не електрична енергија;
  • Подготовка месечни извештаи за 15 минутни податоци (Load Profiles), како и податоци за наплата (Billing Data) за Директните потрошувачи, за вкупното производство на ел. енергија (ЕЛЕМ) и за броила со заеднички места на раздвојување со ЕСМ трафо полиња) за изготвување на фактури за потребите на Служба за снабдување на тарифни потрошувачи на големо;
  • Подготовка месечни извештаи за 15 минутни податоци од броилата на произведена ел. енергија на праг на електраната на ТЕЦ Неготино за потребите на АД ТЕЦ Неготино;
  • Подготовка на месечни извештаи за активна и реактвина ел. енергија ( Billing Data) од состојбата на броилата на интерконективните далекуводи со Грција, Бугарија и Косово;
  • Архивирање на податоци на Oracle базата на Диспечерскиот програм за ажурирање на дневна состојба;
  • Архивирање на податоци на Oracle базата на AMR системот;
  • Тековно одржување на уредите за телемерење;
  • Умерување на предајни и приемни плочки од MTU уреди;
  • Тестирање на податоци за реактивна енергија во системот за аквизиција на броила, заради промена во софтверот на апликација од страна на M2C;
  • Имплементација на тарифен систем во AMR системот за 2008 година;
  • Тековно одржување на SCADA системот и локалните SCADA;
  • Тековно одржување на RTUa и BCUa;
  • Тековно одржување на системот за снимање и анализа на комуникациите (Регистрофон);
  • Подготовка на технички спецификации, тендерска документација за проекти финансирани од Светска банка и ЕБОР;
  • Подготовка на техничка спецификација и тендерска документација за Electronic Highway;
  • Подготовка на понуди за проекти финансирани од Светска банка и ЕБОР;
  • Воспоставување на нови телекомуникациски линкови со електроенергетските објекти на МЕПСО и ЕЕС воопшто;
  • Тековно и превентивно одржување на телеинформатичката опрема;