На почеток > Извештај за работата на OЕЕС > Активности на секторот за стратешко планирање и анализа на ЕЕС

Активности на секторот за стратешко планирање и анализа на OЕЕС

    ДОМАШНИ ПРОЕКТИ

    - Изградба на 400 kV интерконекција Македонија – Србија (400 kV ТС Штип – македонско српска граница)
  • Целосно е утврден коридорот од Штип до Македонско Српска граница;
  • Добиени се Услови за планирање од Агенцијата за просторно планирање и решение за планирање на просторот од МЖСПП, кои се користат за изработка на урбанистички проект за изградба на 400 kV интерконективниот ДВ.

  • - Изградба на 2х110 kV двосистемски ДВ ТС Битола 3 – ТС Битола 4
  • Презентиран е проектот на техничката работилница „Поврзување на финансиите и проектите“ во организација на Секретаријатот на Енергетската Заедница кој се одржа; на 9 април 2008 во Виена;
  • Потврден е коридорот од Општина Битола и од МЖСПП;
  • Добиени се Услови за планирање на просторот од Агенцијата за просторно планирање и решение за планирање на просторот од МЖСПП, кои се користат за изработка на урбанистички проект за изградба на 2х110 kV двосистемски ДВ ТС Битола 3 – ТС Битола 4.

  • - Изградба односно реконструкција; на 110kV ДВ ТС Скопје 1 – ТС Тетово 1
  • Потегот од ТС Скопје 1 – ТС Југохром ќе се реконструира по нова траса, а на потегот ТС Југохром – ТС Тетово 1 само ќе се заменат постојните бетонски со челично решеткасти столбови;
  • Добиени се Услови за планирање на просторот од Агенцијата за просторно планирање и решение за планирање на просторот од МЖСПП, кои понатаму се користат за изработка на урбанистички проект за изградба/реконструкција на 110 kV ДВ ТС Скопје 1 – ТС Тетово 1.

  • - Измена на Мрежните правила за пренос на електрична енергија.
  • Формирана е комисијата која подготви предлог-текст за измена на Мрежните правила заради усогласување со измените во Законот за енергетика. Покрај усогласувањето, Комисијата направи и дополнителни измени за кои сметаше дека се неопходни, како и корекција на воочените граматички грешки.

  • - Подготовка на Оперативен договор помеѓу ЕСО и МЕПСО за управување и размена на електрична енергија на 400 kV и 110 kV далноводи меѓу интерконективните преносни системи на Бугарија и Македонија.
  • Координативен состанок на РГ-и од МЕПСО и ЕСО во Скопје;
  • Завршен состанок на РГ-и од МЕПСО и ЕСО во Софија.
  • Изработка на Анализа за новата 400 kV интерконекција Црвена Могила – Штип – Дуброво
  • Подготовка на Програма за пуштање во работа на новата интерконеција;
  • Изработка на Оперативниот договор (главен текст и прилози).


  • ИМПЛЕМЕНТИРАЊЕ НА ETSO VISTA

    - За потребите на Службата за Оперативно планирање се изработени следните софтверски решенија за креирање на соодветните датотеки во XML формат:
  • Текови на моќност по интерконекции;
  • NTC на соодветните граници;
  • Реализирана;;потрошувачка.


  • ИЗРАБОТКА И ИМПЛЕМЕНТИРАЊЕ НА DACF ПРОЦЕДУРА

    - За потребите на Службата за оперативно планирање е изработено упатство за DACF процедура и изработена е софтверска алатка за автоматско креирање на DACF моделите.


    ИЗРАБОТКА НА ПРОЦЕДУРА ЗА ПРЕСМЕТКА НА NTC

    - За потребите на Службата за оперативно планирање е изработена процедура за пресметка на NTC


    РЕГИОНАЛНИ И ЕУ ПРОЕКТИ

    -SECI-Проект за регионално планирање на ЕЕ мрежи:
  • МЕПСО е координатор на овој проект во регионот на ЈИЕ;
  • Одржан е состанок на работните групи во Сараево, БиХ и работилница за интегрирање на ветерните електрани во ЕЕС;
  • Комплетиран е регионалниот модел за 2015 и 2020 на преносните мрежи во ЈИЕ со најнови податоци;
  • Усвоена е Проектна задача и изработена е Студија за проценка на неизвесности и ризици за идните; инвестициски; проекти во преносната мрежа на ЈИЕ, изработувачи ЕКЦ и ЕИХП;

  • - SETSO NACMPF - проект за имплементација на координирана аукција на преносните капацитети во ЈИЕ;
  • Изработка на табела за тоталите на Македонија;
  • Изработка на модел за соодветниот месец;
  • Пресметка на BC за соодветниот месец;
  • Припрема на прашалник во врска со правните работи кој треба да го одговори Правната служба;
  • Пресметка на критични гранки кои се оптоваруваат при n-1 анализите;
  • Пресметка на правци на движење на енергијата во регионот;
  • Предлог методологија за распределба на приходи од координирана аукција на преносни и ревизија на предложениот пристап;

  • - SE ReFo - South East Regional Forum дел од UCTE WG “Coordinating Planning”
  • Комплетиран и усвоен е извештајот на SE ReFo за Регионалниот план за преносната мрежа;
  • Изработен е регионален модел за 2013 врз база на SECI регионалниот модел за 2015;
  • Прашалник за мониторинг на нови капитални преносни објекти;
  • Изработен е регионален модел за 2018;
  • Извештај за UCTE TDP (Transmission Development Plan);
  • Припрема на табели и извештај за UCTE SAF (System Adequacy Forecast) 2009 – 2020;
  • Одговори на прашалникот за одбранбена стратегија на РМ на работната група на UCTE EG Power System Stability.

  • - SEE REDP - Планирање на Регионалното Енергетско побарување во земјите од Југоисточна Европа;
  • Изработен модел за планирање и оптимизација на сите видови на енергија од 2003 како референтна година до 2027 со софтверските пакети MARKAL и VEDA BE.


  • ТЕКОВНИ АКТИВНОСТИ

    - Изработка на табела за тоталите на Македонија;
    - Изработка на модел за соодветниот месец;
    - Пресметка на BC за соодветниот месец;
    - Подготовка на прашалник во врска со правните работи;
    - Пресметка на критични гранки кои се оптоваруваат при n-1 анализите;
    - Пресметка на правци на движење на енергијата во регионот;
    - Примена на нов пристап за пресметка и распределба на преносен капацитет и ревизија на предложениот пристап;
    - Изготвена е предлог методологија за распределба на приходи од координирана аукција на преносни капацитети;
    - Учество во изработката на правилата и спроведување на аукција за соодветните месеци;
    - Учество во изработката на привремени правила за алокација на капацитети;
    - Ревизија на методологија и предлог на нови решенија.


    СТУДИИ, АНАЛИЗИ И ЕЛАБОРАТИ

    - Учество во ревизијата на извештајот за оштетување на трансформаторот во ТС Скопје 5;
    - Анализа на критичните режими;
    - Пресметка на струи на куси врски за ЕЦ КОГЕЛ;
    - Реализирани се средби со потенцијални инвеститори во ветерни електрани кои би се приклучиле на преносната мрежа;
    - Приклучоци на преносна мрежа:
  • ТС ИГМ – Кавадарци, по усвоената Студија за приклучок, истата е наплатена и им е доставена Согласност за приклучок на преносна мрежа.
  • ТС Теарце– EVN Македонија, Следење на реализацијата на техничките барања од издадената  Согласност за приклучок на преносната мрежа.
  • ТС Нов Дојран – EVN Македонија, Изработена и доставена е Студијата за приклучок.
  • ТС Бунарџик – EVN Македонија, Изработена е Студијата за приклучок.
  • ТЕ – ТО – Скопје, Завршена е Студијата за приклучок на преносна мрежа.
  • ХЕЦ Св.Петка, отпочната е процедура за изработка на Студија за приклучок на ХЕЦ Св.Петка на 110 kV ДВ од ХЕЦ Козјак - ХЕЦ Матка кој треба да се догради до ТС Скопје 3. Приклучниот ДВ е сопственост на AД ЕВН Македонија, затоа МЕПСО бара да се разгледа можноста за отстапување на овој ДВ во негова сопственост, со што би се реализирал приклучокот на ХЕЦ Св.Петка на овој ДВ. Во спротивно ќе се пристапи кон ново решение на начинот на приклучок на ХЕЦ Цв. Петка на преносната мрежа.


  • ОСТАНАТИ АКТИВНОСТИ

    - 400 kV интерконекција Штип – Червена Могила (Бугарија);
    - Учество во надзорот за градба на ДВ;
    - Активно учество на ЗЕМАК со изработени 6 реферати.