Обезбедени системски услуги
- За периодот 01 јануари до 5 септември 2008 година, Системските услуги во нашиот ЕЕС се планираа во координација со другите ТСО-а кои се членки на СММ блокот и според правилата на UCTE, а се обезбедени од АД ЕЛЕМ согласно билатералниот договор помеѓу АД ЕЛЕМ и АД МЕПСО за испорака на електрична енергија, моќност и системски услуги.
| ВИД |
ПОТРЕБЕН ИЗНОС (MWh) |
ОБЕЗБЕДЕНО ОД: |
| Примарна регулација * |
7,0 |
АД ЕЛЕМ |
| Секундарна регулација * |
33,0 |
АД ЕЛЕМ |
| Терциерна регулација ** |
|
АД ЕЛЕМ |
| Black Start |
|
АД ЕЛЕМ |
* - Примарната и секундарната регулација се остварува врз основа на пресметките на ниво на UCTE за потребите во рамките на СММ контролниот блок направени од страна на работната група “Operation & Security” subgroup “TSO Forum” . Дадената потребна резерва за секундарна регулација е просечна годишна вредност.
** - Големината на терциерната резерва се обезбедува во зависност од потрошувачката на електрична енергија и од бројот на ангажирани производни единици во системот. Истата воглавно беше обезбедувана во хидроелектраните.
За периодот од 5 септември до 31 декември 2008 година, се обзбедени од АД ЕЛЕМ согласно билатералниот договор помеѓу АД ЕЛЕМ и АД МЕПСО за испорака на електрична енергија, моќност и системски услуги.
| ВИД |
ПОТРЕБЕН ИЗНОС |
ОБЕЗБЕДЕНО ОД: |
| IX 2009 |
X 2009 |
XI 2009 |
XII 2009 |
| Примарна регулација * |
7,0 |
7,0 |
7,0 |
7,0 |
АД ЕЛЕМ |
| Секундарна регулација * |
32 |
32 |
43 |
46 |
АД ЕЛЕМ |
| Терциерна регулација ** |
60 |
60 |
60 |
60 |
АД ЕЛЕМ |
| Black Start |
Во ХЕ кои се опремени за
black start |
АД ЕЛЕМ |
* - Примарната и секундарната регулација се остварува врз основа на пресметките на ниво на UCTE за потребите во рамките на СММ контролниот блок направени од страна на работната група “Operation & Security” subgroup “TSO Forum” . Дадената потребна резерва за секундарна регулација е просечна месечна вредност.
** - Големината на терциерната резерва се обезбедува во зависност од потрошувачката на електрична енергија и од бројот на ангажирани производни единици во системот. Преостанатиот дел од потребната терциерна резерва се обезбедува преку билатерални договори за размена на електрична енергија во случај на хаварии со соседните ТСО.
-
План за набавка Системски услуги
За периодот од 01 јануари до 05 септември 2008 година, системските услуги се обезбедуваа преку Договорот за испорака на електрична енергија со АД ЕЛЕМ, во кои системските услуги се дел од просечната цена на испорачана електрична енергија.
За периодот од 05 септември до 31 декември 2008 година, системските услуги се обезбедуваа преку Договорот за испорака на електрична енергија со АД ЕЛЕМ, во кои системските услуги набавуваат по цени одобрени од Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија.