Програма за ремонти
- Во однос на извршените ремонти во производните објекти, во однос на плановите за 2008 година, може да се истакне дека ремонтите на ТЕ Битола и на ТЕ Осломеј, од аспект на времетраењето се во рамките на планирананото согласно енергетскиот биланс за 2008.
- Во однос на хидроелектраните, може да се истакне дека планираните ремонти според Електро-енергетскиот биланс за 2008 година (како и секоја друга година) се индикативни и се поместуваат во зависност од состојбата во електроенергетскиот систем и моментните услови во однос на снабдувањето со електрична енергија. Во текот на 2008 година, на сите барања на хидроелектраните за планиран застој беше одговорено или потврдно или пак застојот беше привремено одложуван за договорено време, така да на сите барања за ремонти беше одговорено.
|