На почеток > Извештај за работата на OЕЕС >Активности за сигурно, континуирано и квалитетно управување со ЕЕС

Активности за сигурно, континуирано и квалитетно управување со ЕЕС

 

  • Мерките за обезбедување на условите за сигурно, квалитетно и континуирано управување со електроенергетскиот систем:
    • проширување на бројот на објекти кои се надзираат и управуваат во реално време, во текот на 2008 година се работеше на избор на консултантска фирма која би изготвила тендерска документација за набавка и инсталација на опрема и уреди потребни за реализација на разграничувањето од Дистрибуција односно Производство. Во текот на 2008 година се работеше на ниво на заеднички работни групи со ЕВН Македонија на разграничувањето помеѓу МЕПСО и ЕВН. Се работеше и на изградбата на новата ТС Штип 400/110 кV.
    • доопремување на постојните објекти – во процес е надградба на постојните систем за Хронолошка Регистрација на Настани до целосни SCADA системи во ТС Скопје 4 и ТС Дуброво . Извршена е набавка и инсталација на уреди за надзор и управување за новото ДВ поле – интерконекција со Бугарија, во ТС Дуброво.
    • Во рамките на реализацијата на Договорот помеѓу МЕПСО и SIEMENS, Грција избран како најдобар понудувач на меѓународен тендер, во тек се активностите на набавка и инсталација на SCADA/SAS системи во ТС Петровец и ТС Тетово 2. Предмет на реализација се дистрибуирани SCADA системи базирани на SICAM PAS системи, со имплементирани дистрибуирани BCU и уреди за заштита.
    • оспособување на персоналот – во доменот на системите за надзор и управување е реализирана обука за BCU и SCADA како дел од договорните обврски на Сименс, Договор за новиот ДВ кон Бугарија.

    Во фаза на реализација се проектите за набавка и инсталација на опрема за разграничување помеѓу АД МЕПСО и ЕВН Македонија ( проекти за испорака и инсталација на опрема од доменот на системи за надзор и управување, заштита и непрекинато напојување, кредитиран од страна на Светска Банка).