На почеток > Сектор за информатички технологии и телекомуникации
Сектор за информатички технологии и телекомуникации
 
  • АД МЕПСО за остварување на надзор и управување со електроенергетскиот систем обезбедува ефикасна комуникација и размена на податоци помеѓу НДЦ и електроенергетските постројки. За реализацијата на оваа функција АД МЕПСО го планира краткорочно и долгорочно развојот на телекомуникациските системи.
    За таа цел во склоп на АД МЕПСО е формиран Оддел за ИТ и ТК во чиј состав работи и Службата за телекомуникации, во чија надлежност е одржување, планирање и координирање на развојот на телекомуникациската мрежа.
    Во изминатата 2008 година со средства обезбедени од кредитните линии на Светска банка и на Европска инвестициска банка беше набавено заштитно јаже со интегрирани оптички влакна (OPGW) и овесна опрема, во должина од околу 400 км. Изработени беа изведбени проекти за трасите од далноводите на кои ќе се врши замена на заштитните јажиња и распишан беше тендер за избор на најповолен изведувач на монтажните работи. Со тоа ќе се затвори западниот прстен од оптичката мрежа на АД МЕПСО и ќе се поврзат делови од ЕЕО од источниот дел на земјава.
    Развојот на оптичката-телекомуникациската мрежа на АД МЕПСО е планиран да се одвива во две насоки. Едната е интерконективно поврзување со енергетските системи на соседните земји, а втората е кон понатамошно поврзување на позначајните електроенергетски објекти и опфаќање на поголемите дистрибутивни центри во државата.
    Со изградбата на новите 400 kV далноводи ТС Битола 2 – ТС Мелити ( Грција) и ТС Штип – ТС Црвена Могила (Бугарија) на кои се вградени заштитни јажиња со интегрирани оптички влакна – OPGW ќе се овозможи интерконективно поврзување на енергетските системи на Македонија, Бугарија и Грција како и телекомуникациско поврзување на мрежа на АД МЕПСО со телекомуникациските мрежи на електроенергетските компании од Грција и Бугарија.
    За поголема доверливост на системот од кредитната линија на СБ предвидени се средства за набавка на мониторинг систем за 24 часовен надзор над оптичката мрежа, со цел навремено интервенирање и отстранување на дефекти во најкраток можен рок.
  •