Вовед

 

  • АД МЕПСО за вршењето на дејноста пренос на електрична енергија, управување со системот за пренос, снабдување и организирање на пазарот на електрична енергија наплатува преносна тарифа одобрена од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со што остварува регулиран максимален приход потребен за покривање на трошоците за вршење на дејноста и приносот на капиталот во согласност со Правилникот за начинот и условите за регулирање на цените на електричната енергија. АД МЕПСО не е профитно-ориентирана компанија туку е јавен сервис со регулирани приходи кој остварува редовен и навремен пренос на електрична енергија преку доверлив и стабилен електроенергетски систем. Преносната тарифа за периодот од 01.01.2005 година до 31.10.2008 година изнесуваше 0.1039 денари по кWh. Со Одлуката број 02-1799/1 на Регулаторната комисија за енергетика цената на услугата за пренос, управување со системот за пренос и организирање на пазарот на електрична енергија од 01.11.2008 година изнесува 0.2186 денари по кWh. Постапувајќи по усвоените препораки од ЕУ за либерализација на пазарот на електрична енергија, АД МЕПСО почнувајќи од 01.01.2008 година дистрибутивните потрошувачи ги снабдуваше со потребните количини на електрична енергија по цена 1.818 денари по кWh одобрена од Регулаторната комисија за енергетика, а директните потрошувачи приклучени на 110 kV потребните количини на електрична енергија ги набавуваа сами на отворен пазар. На 27 авуст 2008 година беа донесени Измените и дополнувањата на Законот за Енергетика (Службен весник бр.106/08) со што настанаа значајни промени во дејностите на енергетските компании, така почнувајќи од 05.09.2008 година од кога почнаа да се применуваат измените на Законот, АД МЕПСО престана да ја врши функцијата на снабдувач на електрична енергија. Почнувајќи од септември 2008 година функцијата на снабдувач на електрична енергија, а со тоа и набавката и испораката на електричната енергија се пренесе на АД ЕЛЕМ.

Биланс на успех на АД МЕПСО за 2008 година

  • Планираното производство и потребните количини на електрична енергија искажани во Електро-Енергетскиот биланс за 2008 година се основа за работа на АД МЕПСО. На почетокот на 2008 година заради настанатите значајни отстапувања помеѓу планираните и реализираните количини на електрична енергија во Електро-енергетскиот биланс, како намалено хидро-производство и зголемена потрошувачка во дистрибуцијата, се јави потреба од активирање на АД ТЕЦ Неготино во првите три месеци од 2008 година и од дополнителен увоз на електрична енергија за периодот март- декември 2008 година. Од овие причини во Билансот на успех на АД МЕПСО се јавија дополнителни трошоци за набавка на електрична енергија, заради што Владата на Република Македонија додели субвенции. АД „МЕПСО” во работењето во периодот од 01.01.2008 до 31.12.2008 год. оствари вкупни приходи во висина од 10.109.699 илјади денари, или 164,4 милиони ЕУР. Значајни приходи во износ од 122.889 илјади денари или 2 милиони ЕУР во текот на 2008 година се реализирани од алокација на прекуграничните капацити, со аукциска постапка воведена како новина на крајот на 2007 година. Вкупните трошоци во овој период изнесуваат 10.389.068 илјади денари или 168,9 милиони ЕУР. Во тековното работење менаџментот на АД МЕПСО настојуваше максимално рационално да ги користи расположивите средства и да ги намали трошоците во одредени сегментити за кои тоа го дозволува процесот, како што се останатите трошоци кои се намалени во споредба со претходниот период. Истовремено максимално беа ангажирани сите мерки за наплата на ненаплатените побарување, што даде резултат. Во деловната 2008 година АД МЕПСО искажува негативен финансиски резултат – загуба од 279.369 илјади денари или 4,5 милиони ЕУР. Искажаната загуба е резултат на диспаритетот помеѓу набавната и продажната цена на електричната енергија, како и ниската цена за преносот на електричната енергија. Значајно влијание на зголемените трошоци на АД МЕПСО во изминатите три години имаше континуираниот раст на цената на увезената електрична енергија како и зголемените потреби од увоз на електрична енергија заради активирањето на големите металуршки капацитети. Оваа констатација може да се види од следниве податоци: просечната цена на увезената електрична енергија од 8.222 еуро центи по КWh (5,06 ден/кWh) во 2008 година во споредба со просечната цена од 6,123 еуро центи по кWh (3,77 ден/кWh) во 2007 година е зголемена за 34 %, а во споредба со просечната цена од 4,52 еуро центи по КWh во 2006 година е зголемена за 82 %.

Биланс на состојба на АД МЕПСО за 2008 година

  • Долгорочните средства во Билансот на успех бележат раст како резултат на реализираните инвестициски вложувања во текот на 2008 година. Тековните средства на крајот од 2008 година имаат значаен пад од 2.830.996 илјади денари во споредба со 2007 година како резултат на реализираната наплата на кумулираните побарувања од дистрибутивната компанија. Исто така влијание има и тоа што од септември 2008 година АД МЕПСО не ја врши фунцијата снабдување со електрична енергија, а тоа значи и не врши фактурирање за испорачаната електрична енергија. Со извршената наплата измирени се и обврските кон добавувачите заради што во билансот на состојба тековните обврски бележат пад од 2.898.733 илјади денари.

Кредитни обврски и инвестициски активности

  • За финансирање на големите инвестициски активност АД МЕПСО во континуитет користи долгорочни кредитни линии од повеќе меѓународни финансиски институции како што се:

    - заем ЕБРД 174 - Проект: 400 kV далековод Битола–Скопје;
    - заем ЕИБ 22332 – Проект: изградба на трафостаници;
    - заем ИБРД – Проект: Energy Communits of South East Europe АПЛ 3 Маcedonia (ЕЦСЕЕ АПЛ 3 Македонија) со кој се финансира проширување на трафостаници и изградба на интерконективни и други високонапонски далекoводи (400kV далекoвод Битола – Лерин) ;
    - заем ЕБРД 27768 – Проект: интерконекција 400kV далекoвод Македонија – Бугарија ;
    Во текот на 2008 година АД МЕПСО редовно ги отплати сите доспеани рати од кредитните обврски.