На почеток > Бизнис репорт >Профил на компанија
Профил на компанија (вклучително и лиценци)

 

 

 

Профил

Целосно име: Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем Скратено име: А.Д. МЕПСО
Облик на организација: Акционерско друштво во државна сопственост
Адреса: Орце Николов б.б. 1000 Скопје
Телефон: + 389 (0)2 3149 692
Факс: + 389 (0) 2 3111 160
Судска регистрација: 30120080002736
Капитал:3.059.393.000 денари
Сопственичка структура: целосна државна сопственост
Трансакциска сметка: НЛБ Тутунска банка210059337810365; Охридска банка 530010100845304
Даночен број: 4030004529600
Матичен број: 5933781
Веб-страница: www.mepso.com.mk
e-mail: mepso@mepso.com.mk
Директор: дипл.маш.инж. Владимир Здравев
Членови на Управен одбор: Владимир Здравев, Весна Јовановска, Катерина Глигорова, Драго Шајноски, Михаил Пановски, Зоран Тодоровски

Лична карта на А.Д. МЕПСО

А.Д. МЕПСО ( Македонски електропреносен систем оператор) е компанија во целосна државна сопственост, која е формирана во 2005 година со трансформацијата на Електростопанство на Македонија. Основна дејност на МЕПСО е непречен пренос на електричната енергија низ високонапонската мрежа и редовен и навремен ток на електрична енергија до своите клиенти: директните потрошувачи (Бучим, ОКТА, Макстил, Митал Стилл, УСЈЕ, Силмак, Фени Индустри) и до нисконапонската мрежа на ЕВН Македонија.
Двете клучни функции на МЕПСО се пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем. МЕПСО е одговорен за редовен пренос на електрична енергија од македонската граница до дистрибутивната мрежа на ЕВН ЕСМ или до наброените директни потрошувачи. МЕПСО го организира и диспечира и транзитот на електрична енергија низ Македонија, а воедно се грижи за балансирање на електроенергетскиот систем.
За да ја извршува својата дејност АД МЕПСО од Регулаторната комисија за енергетика доби три лиценци со рок на важност од 35 години кои важат до 2040 година. Првата е Лиценца за вршење енергетска дејност пренос на електрична енергија. Втората е Лиценца за вршење енергетска дејност организирање и управување со пазарот на електрична енергија и третата е Лиценца за вршење енергетска дејност управување со електроенергетскиот систем.
За својата работа АД МЕПСО наплаќа тарифа за пренос на електрична енергија која ја утврдува Регулаторната комисија за енергетика врз основа на трошоците на АД МЕПСО. Што значи дека АД МЕПСО не е профитно ориентирана компанија, туку врши јавен сервис за граѓаните и за македонската економија.
МЕПСО во сопственост ја има високонапонската далеководна мрежа трафостаници за конверзија на напон од 400 на 110 kV. Во сопственост и под управување на МЕПСО се: далеководи со вкупна должина од 2.219 километри, 73 трафостаници со 148 трансформатори со инсталирана моќност од 6.417 мегаволт-ампери (MVA). МЕПСО вработува повеќе од 400 лица.
Структурално, за задоволување на своите потреби, МЕПСО е поделен на две подружници и неколку служби кои ги опслужуваат подружниците. Првата подружница е ОЕЕС – Оператор на електроенергетски систем и нејзина задача е да го управува системот и да обезбеди хармоничен однос меѓу потрошувачите и производителите на електрична енергија (домашно производство и увоз).
Втората подружница е ОПМ – Оператор на преносна мрежа и нејзина задача е да се грижи далеководите, трафостаниците и трансформаторите и другите постројки да бидат во беспрекорна состојба која овозможува редовно и навремен ток на електричната енергија.