На почеток > Бизнис репорт > Позиција на АД МЕПСО на електроенергетскио пазар

Позиција на електроенергетскио пазар

Пазар на електрична енергија

  • Со донесување на Законот за енергетика бр. 63/06 и согласно измените во него во 2007 и во 2008 година се создадоа услови за постапно отворање на пазарот на електрична енергија во Република Македонија. Пазарот на електрична енергија во Македонија се темели врз основа на билатерални договори. Првичното отворањето на пазарот на електрична енергија се однесува на обврската за набавка на електрична енергија од страна на квалификуваните потрошувачи на слободниот пазар на електрична енергија. Набавките на електрична енергија за квалификуваните потрошувачи се реализираa согласно слободно склучените билатерални договори со своите снабдувачи. За 2008 година сите квалификувани потрошувачи имаат склучено билатерални договори за набавка на електрична енергија со повеќе снабдувачи (трговци) регистрирани во Македонија. Сите склучени билатерални договори, без комерцијални детали, се доставени и евидентирани кај Операторот на пазар на електрична енергија – ОПЕЕ, согласно законските обврски. Количините на набавена електрична енергија на слободниот пазар од страна на квалификуваните потрошувачи во 2008 година, е значително поголема, од 2007 година кога МЕПСО беше снабдувач на квалификуваните потрошувачи во висина од 45% од нивните потреби.

    Во последниот квартал од 2008 година дојде до значително намалување на набавка на електрична енергија од страна на квалификуваните потрошувачи согласно нивните склучени билатерални договори поради влијанието на глобалната светска криза. Намалувањето во преземањето на електрична енергија особено е изразено кај металуршките компании затоа што некои од нив дури времено го запреа производството. Намалувањето на преземањето исто така се гледа од бројот на склучените годишни билатерални договори помеѓу трговците и квалификуваните потрошувачи како и количините во самите договори во однос на 2008 година. Така во првиот квартал 2009 во однос на 2008 година остварувањето е намалено за околу 5 %. Вака намалено преземање је предвидено и со билансот во 2009 година, а остварувањето на билансот за првиот квартал во 2009 година е 101,5 %. Оваа тенденција на намалено преземање во металургијата продолжува на почетокот на 2009 година во однос на 2008 год.