|
Односи со јавноста
- Една од клучните определби на менаџментот на А.Д. МЕПСО за унапредување на критериумите на општествено одговорна компанија – е транспарентноста на работење и отвореноста кон јавноста.
Во текот на 2008 година АД МЕПСО превзеде низа мерки и активноста со кои ја зголемуваше транспарентноста во своето работење со цел да ја приближи специфичната дејност на компанијата до пошироката домашна јавност.
Една од главните активности со кои се гордееме е редовни и навремени објави на информации од повеќе профили на нашата дејност на интернет страницата на компанијата www.mepso.com.mk Уште во февруари АД МЕПСО започна со редовни и секојдневни објави на дневни информации за конзумот и за производството на електрична енергија на својата интернет страница. Истовремено започна со пракса на објавување месечни Диспечерски извештаи за производството и за конзумот на електрична енергија.
Паралелно АД МЕПСО започна да организира и да спроведува аукции за распределба на слободни капацитети за пренос на електрична енергија, кои успешно се објавуваат и спроведуваат и сега, а трајни определби и стратегија на менаџментот на компанијата е таа пракса да продолжи и понатаму. Сега спектарот на аукции е збогатен од годишни и месечни и со неделни аукции на расположиви преносни капацитети со што АД МЕПСО им излегува во пресрет на своите потенцијални клиенти подобро да ги планираат своите активности и да ги оптимизираат своите ресурси.
Кон крајот на април 2008 година АД МЕПСО започна да организира и да спроведува и Аукции за понуда на ноќни вишоци електрична енергија произведени од домашниот електроенергетски систем. Најавите и правилата за аукции, прописите и апликациите заедно со роковите секогаш навремено беа објавувани на интернет страницата на компанијата. АД МЕПСО доби позитивни реакции од клиентите и од јавноста за организирацијата на аукциите, а моделот на нивно организирање целосно го превзеде ЕЛЕМ, компанијата која од 5.09.2008 година го превзеде снабдувањето на електроенергетскиот систем со електрична енергија.
АД МЕПСО во 2008 година организираше неколку прес конференции за значајни актуелни теми, една презентација за новинари со разгледи на Националниот диспечерски центар за да ја доближи својата дејност до македонската јавност. Секогаш редовно и навремено ја информираше јавноста за сите свои активности, а на 15 декември организираше и свечено пуштање во работа на 400 kV далековод ТС Дуброво (Р.Македонија) – Црвена Могила ( Р.Бугарија). На оваа манифестација која се одржа во ТС Дуброво далеководот свечено го пуштија во работа Никола Груевски, премиерот на Р.Македонија и неговиот бугарски колега Сергеј Станишев.
|