|
Инвестициска политика (2009)
Инвестициска програма
- АД МЕПСО традицонално соработува со своите меѓуародни партнери Европската банка за обнова и развој и со Светската банка и ги користи нивните кредитни аранжмани кои се погодни за инвестиции во проширување на мрежата и во осовременување и реконструкција на постоечките прокети.
Во 2008 година АД МЕПСО пушти во функција неколку, претходно наведени круцијални проекти. За 2009 година најважни на листата инвестициски зафати се следниве:
Финансирање од кредитна линија на ЕБОР
Во почетокот на март се потпишани три договори со ABB ltd, Хрватска за испорака на опрема за ревитализација на дел од примарната опрема, заштитата и управувањето во 400/110 kV трафостаници: Скопје 4, Дуброво и Битола 2. Со договорите се опфатени набавка на осум 400 kV прекинувачи, замена на постојните системи на заштита на трансформаторите и спојното поле во ТС Дуброво и ТС Скопје 4. Како и замена на уредите за управување на 400 kV страна во трафостаниците Скопје 4 и Дуброво. За замена на старите со нови прекинувачи се планирани 810.000 евра. Со тоа АД МЕПСО може да се пофали дека има прекинувачи од нова генерација во сите свои трафостаници во земјата. За заштитните уреди се наменети 360.000 евра. За новите уреди за управување дистрибуирани по полиња во ТС Дуброво и ТС Скопје 4 се наменети 256.000 евра.
Од заем финансисан од ЕБОР во тек е реализација на компонента 3 која предвидува ревитализација на заштита и управување во две битни трафостаници : ТС Скопје 1 220/110 kV и ТС Битола 2.
Ревитализацијата ќе се реализира преку набавка на нови системи за управување и замена на постојните системи за заштита со системи од нова генерација (т.н. нумеричка заштита).
Статус на проектот : тендерската документација е подготвена од стручните служби во МЕПСО одговорни за заштита и за управување и е доставена до ЕБОР на усвојување. Следниот чекор, по нивното одобрување, е објава на меѓународен тендер за набавка на опрема и прибирање понуди од заинтересирани понудувачи. По што следи евалуација на понудите и избор на најповолни понудувачи за двата проекти и потпишување договори за нивна реализација.
За оваа инвестиција се планирани :
- за ТС Скопје 1 се наменети 1,7 милиони евра од кои од ЕБОР се обезбедени 90% од средствата, а АД МЕПСО обезбедува 10% од сопствени средства;
- за ревитализација на ТС Битола 2 се предвидени 2,1 милиони евра од кои од заем од ЕБОР се обезбедени 96% од средствата, а 4% од сопствени средства на АД МЕПСО;
Со овие инвестиции се обезбедуваат зголемена сигурност и доверливост на системот, а воедно се постигнува поефикасно управување и се намалуваат трошоците за работење на овие две трафостаници кои се многу значајни во нашиот систем.
Финансирање со кредитна линија од Светска банка
Претстои потпишување договор за консултантски услуги со словенечката компанија IBE Inzenering , а вредноста на договорот е 92.000 евра , а обемот на услуги предвидува изработка на тендерска документација за потребите на раздвојување од дистрибуција во заедничките трафостаници кои АД МЕПСО ги дели со АД ЕВН Македонија.
Планирано е тендерската документација да биде изготвена за три месеци. По усвојување на оваа документација од Светска банка следува објавување меѓународен тендер за набавка на опрема во следните сегменти: заштита, управување и напојување. Вредноста на опремата која е планирано да биде набавена и инсталирана во околу дваесетина трафостаници изнесува 4,3 милиони евра.
Во тек се активности за подготовка на потребната инвестициско-техничка документација за реализација на уште два проекти финансирани од постојната кредитна линија на Светска банка. Тие се: двосистемски 110 kV далековод ТС Битола3-ТС Битола 4, 110 kV далековод ТС Скопје 1 – ТС Тетово 1. Овие активности е предвидено да завршат кон крајот на 2009 година, а изградбата да отпочне во почетокот на 2010 година.
Најголема инвестициска активност на АД МЕПСО која треба да отпочне оваа година е изградба нова 400 kV интерконективна врска со електроенергетскиот систем на Република Србија преку изградба на 400kV далековод ТС Штип 400/110 kV – македонско-српска граница. Овој преносен капацитет ќе биде во должина од 70 километри. Вредноста на оваа инвестициска активност изнесува 14 милиони евра од кои 11 милиони евра ќе бидат финансирани преку нова кредитна линија на Светска банка за што е добиена согласност и од Владата на Република Македонија и обезбедена е државна гаранција за овој проект.
Досега целосно е утврден коридорот од Штип до македонско-српска граница и се добиени Услови за планирање на просторот (кои понатаму се користат за изработка на урбанистички проект за изградба на 400 kV интерконективниот ДВ) од МЖСПП односно од Агенцијата за просторно планирање. Добиено е решение за планирање на просторот.
Презентиран е проектот на техничката работилница во организација на Секретаријатот на Енергетската Заедница: „Поврзување на финансиите и проектите“, кој ќе одржа на 9 април 2008 во Виена
|