На почеток > Бизнис репорт > Имплементација на стандарди и заштита на животната средина

Имплементација на стандарди и заштита на животната средина

Заштита на животна средина и стандардизација

  • АД МЕПСО е компанија од стратешко значење за Република Македонија.Таа е централно позиционирана во енергетскиот сектор и неизмерно важна за економскиот систем на Република Македонија.Оттука произлегуваат обврските на АД МЕПСО да се профилира себе си како општествено одговорно претпријатие со висока заложба за имплементирање на ИСО стандардите во работењето.

    ИСО 14001:2004

  • Имплементирањето на Системот за Управување со Заштитата на Животната Средина (СУЗЖС) има за цел воведување и сертифицирање на ИСО 14001 стандардот кој се однесува на заштитата на животната средина.
    Еден од основните принципи на ИСО 14001 е транспарентност во работењето и севкупна информираност на вработените за односот на компанијата кон животната средина.
    Изготвена е Воведна работилница за СУЗЖС и презентирана на интранетот на компанијата на 15.02.2008., за да можат да ја проследат сите вработени. Во истата се објаснува дека СУЗЖС е пакет на управувачки активности-планиран и координиран,кој има за цел да се превенираат неповолни влијанија врз животната средина,како и да се промовираат акции и активности кои ја заштитуваат животната средина и /или го подобруваат нејзиниот квалитет.
    Се објаснува, истотака, дека СУЗЖС е систематски приод кон грижата за животната средина во сите сфери на работењето на АД МЕПСО кој oвозможува: финансиски бенефит(заштеда, зголемена ефикасност,пазарен потенцијал); отстранување на ризикот од неадекватен имиџ; стекнување еколошки перформанси;
    Работилницата објаснува дека СУЗЖС на АД МЕПСО ќе му овозможи: идентификација и контрола на аспектите на животната средина, влијанијата и ризиците релевантни за АД МЕПСО;остварување на Политиката за животната средина на АД МЕПСО (истата е усвоена на 17.11.2006.од страна на Управниот Одбор); дефинирање на основните принципи за идните еколошки одговорности; документирање на задачите,одговорностите и процедурите за обезбедување дека секој вработен настојува да го намали или елиминира негативното влијание врз животната средина;зајакнување на еколошката свест (обуки); мерење и детерминација на еколошките перформанси; профилирање на АД МЕПСО како модерна компанија, препознатлива по своите перформанси во државата,регионот и пошироко;презентирање на визијата на АД МЕПСО за одржување на рамнотежа помеѓу економските и општествените цели и целите на животната средина;
    Согласно принципите на стандардот, конституирана е група на проверувачи (аудитори) кои, во временски интервали на шест месеци, би вршеле внатрешни проверки за функционирањето на стандардот во организацијата.За активностите на аудиторите е изготвена Воведна работилница за аудитори и презентирана на интранетот на 21.02.2008. Изготвена е работилница “Процедури за имплементација на СУЗЖС“ и презентирана на интранетот на 22.04.2008.
    Работилницата “ИСО 14001-Аспекти на животната средина – Процедура 1“ е презентирана на интранетот на 23.04.2008.
    Согласно ваквите напори на АД МЕПСО,изготвена е тендерска документација и спроведен е јавен повик за набавка на услуги за сертифицирање на меѓународниот стандард ИСО 14001:2004.Јавната набавка не е реализирана во 2008 заради несоодветност на пристигнатите понуди.

    ИСО 9001:2008

  • Во своите заложби за работење според принципите на меѓународните стандарди АД МЕПСО во 2008г. спроведе постапка за јавна набавка“Услуга за воспоставување на документарен систем за управување со квалитет според барањата на меѓународниот стандард ИСО 9001:2000.Јавната набавка е успешно спроведена и склучен е договор со Стопанската комора на Македонија,(договорот е потпишан во февруари 2009година, а со своите консултантски услуги Стопанската комора отпочна на 03.03.2009година). Во 2008година како подготовка за имплементирање на Системот за Управување со Квалитет (СУК ) изготвена е Воведна работилница за СУК и презентирана е на интранетот на 29.02.2008. Во неа се објаснува што е ИСО 9001,односно овозможува разбирање на принципите на СУК, целите за постигнување на квалитет,корисноста од имплементација на СУК, поврзано со активностите на АД МЕПСО како што се:обезбедување транспарентна организација;поттикнување на планирањето;подржување на процесите;подобрување на интерната комуникација;инсталирање на неопходни процедури во работењето како и официјализирање на веќе постоечки процедури; обезбедување внатрешна контрола;одредување или ограничување надлежности и одговорности,подигање свеста за квалитет;

    ИСО 26000 – ООП

  • АД МЕПСО партиципираше,во 2008г., во регионалниот проект на УНДП за Општествена одговорност на претпријатијата (ООП), што се базира на принципите на ИСО26000.Ова е стандард на чие озваничување меѓународната заедница `сеуште работи.
    Изготвена е Воведна работилница за Општествената Одговорност на Претпријатијата (ООП),односно за АД МЕПСО и презентирана е на интранетот на 15.02.2008.
    Со оваа работилницa се објаснува дека Општествената Одговорност на Претпријатијата или корпоративната општествена одговорност претставува концепт со кој компаниите ги интегрираат социјалните аспекти,економските аспекти,заложбите за квалитет и аспектите за животната средина во своето деловно работење и во својата интеракција со учесниците.
    Вработените се запознаваат со фактот дека е формирано советодавно тело за ООП,при Економско-социјалниот совет на Владата на РМ,што е придонес кон евроинтегративните заложби на РМ.Во октомври 2008г. е усвоена Националната агенда за ООП.Во тој контекст е изготвена работилница “АД МЕПСО – Национална агенда за ООП“ и презентирана на интранетот на 11.12.2008г.


    Хронологија на активности

    Во функција на обука и информирање на вработените, на интранет се ставени:
    15.02.2008 – Воведна работилница-СУЗЖС;
    Воведна работилница-АД МЕПСО-општествено одговорно претпријатие;
    21.02.2008. – Воведна работилница за АУДИТОРИ;
    29.02.2008. – Предлог политика за квалитет;
    Воведна работилница – СУК;
    22.04.2008. - 22 април Ден на Планетата Земја;
    ООП – Процедури за имплементација на СУЗЖС;
    23.04.2008. - ИСО 14001-Аспекти на ЖС-ПРОЦЕДУРА 1;
    30.04.2008. - 28 април – Светски ден за безбедност и здравје при работа;
    ООП – Управување со ризици во работна средина;
    ООП – Социјална ревизија;
    12.06.2008. - Клучни информации за меѓународната кампања :“Здрави работни места – Добро за вас – Добро за вашиот бизнис“;
    11.12.2008. - АД МЕПСО – Национална агенда за ООП;