Испрати по е-пошта

Аукција за набавка на mFRR балансен капацитет за месец ноември

Согласно Правилата за балансирање и Правилата за набавка на mFRR балансен капацитет и енергија, АД МЕПСО спроведува месечни аукции за набавка на mFRR капацитет. Аукцијата за набавка на mFRR балансен капацитет за месец ноември ќе се реализира на 19.10.2020 година (понеделник). Количините кои ќе бидат предмет на набавка за месец ноември се поставени на веб страната во делот за Пазар на балансна Е.Е.
Времето на започнување на аукцијата за доставување на понуди е 09:00 часот додека времето на завршување на аукцијата е 14:00 часот.
Објавена на: 10/8/2020 2:57:48 PM