Испрати по е-пошта

Конкурс за доделување на 3 (три) стипендии за студенти на Универзитетот Мајка Тереза - Факултет за технички науки од Скопје

Операторот на електропреносниот систем на Република Северна Македонија, Акционерско Друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем, во државна сопственост Скопје (скратено: АД МЕПСО), со седиште на ул.„Максим Горки“ бр.4, 1 000 Скопје постапувајќи по Одлуката на Управниот одбор на Друштвото УО бр. 02-5790/4 од 22.09.2020 година, на ден 22.09.2020 година распишува:


                                                                   КОНКУРС
                              за доделување на 3 (три) стипендии за студенти на
                     Универзитетот Мајка Тереза - Факултет за технички науки од Скопје

Право на учество на конкурсот имаат само редовни студенти на Универзитетот Мајка Тереза - Факултет за технички науки од Скопје, кои за прв пат запишале II-ра студиска година во академската 2020/2021 година, на некоја од следните насоки:
- Електроенергетски системи,
- Индустриски менаџмент,
- Мехатроника,
- Машинско инжинерство и менаџмент.

Кандидатите траба да ги исполнуваат следните критериуми:
- студентот да е редовен студент запишан на прв циклус студии по прв пат во II-ра студиска година, во академска 2020/2021 година,
- просечната оценка на студентот до датумот на аплицирање да не е помала од 8.0 (осум),
- студентот да не е корисник на стипендија или кредит од друга установа, институција или компанија;
- да е државјанин на Република Северна Македонија.

Изборот и селекцијата на кандидатите го врши Комисија за стипендирање составена од 3 (три) члена и тоа: 2 (два) члена од редот на вработените во АД МЕПСО Скопјеи 1 (еден) член од Универзитетот Мајка Тереза - Факултет за технички науки од Скопје.

Селекцијата на заинтересираните кандидати за остварување право на стипендија ќе биде направена врз основа на остварениот просечен успех на студентот до датумот на аплицирање, освоените поени при упис на факултет и резултатите од реализираното интервју, кое ќе го врши Комисијата за стипендирање согласно следната методологија:

- максимум освоени поени од остварениот просечен успех на студентот до датумот на аплицирање, најмногу 70 поени;
- освоените поени при упис на факултетот, најмногу 25 поени;
- резултати од реализираното интервју, најмногу 5 поени.

Вкупниот износ на годишната стипендија изнесува 80.000,00 денари, и се состои од две полугодишни исплати од по 40.000 (четриесет илјади) денари. Со избраниот кандидат ќе се потпише Договор за стипендирање.

Секој кандидат своерачно потполнува и потпишува пријава во која треба да бидат содржани неговите генералии: име, презиме, адреса на живеење и контакт телефон.

Заедно со пријавата за докажување дека ги исполнува условите од огласот секој кандидат треба да достави и:
- Копија од документ за лична идентификација,
- CV мотивациско писмо,
- Уверение за положени испити во кое ќе се утврди просек од 8,00 па нагоре издадено од Универзитетот Мајка Тереза - Факултет за технички науки од Скопје,
- Потврда издадена од Универзитетот Мајка Тереза од Скопје дека кандидатот е запишан во II-ра студиска година на Факултетот за технички науки, во академска 2020/2021 година,
- Своерачно потпишана Изјава дека се откажува од друга стипендија доколку добие стипендија од АД МЕПСО.

Огласот е отворен 10 (десет) работни дена од сметано од денот на објавувањето на огласот.

Кандидатите горенаведената документација можат да ја достават во архивата на АД МЕПСО или да ја испратат со препорачана поштенска пратка на адреса:


АД МЕПСО Скопје
Ул.„Максим Горки“ бр.4,
1000 Скопје, Р.С.Македонија
Објавена на: 9/24/2020 8:12:34 AM