Испрати по е-пошта

Работна посета пред пуштање во употреба на ТС "Дуброво"

Завршува ревитализацијата на трафостаницата Дуброво. Денеска во работна посета на трафостаницата беше генералната директорка на АД МЕПСО г-ѓа Ева Шуклева, директорот на ОЕПС Борко Алексовски, во чија подружница се води проектот за ревитализација на ТС "Дуброво" и директорот на секторот за финансиски работи Љупчо Зиков.

На средба со вработените во трафостаницата и изведувачот на проектот, директорката Шуклева изрази задоволство од сработеното бидејќи и покрај состојбата со корона вирусот, договорените активности интензивно се извршуваат, рече таа и проектот ќе биде завршен пред истекот на рокот. 

"Се остварува ветеното за вложување во капиталните инвестиции", рече Шуклева, "создаваме квалитетна инфстраструктура со која од една страна се подобруваат условите за работа, 
а од друга се подига конкурентноста на македонската економија".

Проектот опфаќа ревитализација на дел од примарната и на секундарната 400 кV и 110 кV опрема, испорака и инсталација на систем за AD/DC развод, уреди за заштита и системи за далечински надзор и управување ( SCADA). Трафостаницата "Дуброво" се смета за срцето на електропреносниот систем во Р С Македонија и затоа проектот за нејзина ревитализација беше еден од приоритетните .

Дуброво е пуштена во работа далечната 1977 година што значи дека опремата која денеска е целосно заменета беше во експлоатација повеќе од четири децении.
Договорот за ревитализација беше потпишан со конозрциум од Siemens d.o.o Белград и домашната компанија „Сискон Драгиша“. Вредноста на проектот изнесува 4 6 милиони евра а средствата беа обезбедени преку два извора и тоа два милиони евра преку грант на Western Balkans Investments Framework, кредит од еден милион евра а остатокот се сопствени средства на АД МЕПСО.

Оваа трафостаница е енергетскиот јазол во 400 кV преносен систем. Преку неа нашата држава има интерконективно поврзување со соседна Р. Грција и со Р. Бугарија преку ТС Штип. ТС Дуброво е енергетски поврзана на 400 кV ниво и со ТС Битола 2 и ТС Скопје 4 . На 110 кV ниво од Дуброво тргнуваат далекуводите кон ТЕЦ Неготино, ТС "Бучим", ТС "Валандово" , ТС "Кавадарци" , Фени 1 и Фени 2 како и жителите и стопанските субјекти од Неготино и неготинско-кавадаречкиот регион.
Ревитализацијата на ТС Дуброво има бројни ефекти бидејќи со овој проект се зголемува доверливоста и расположивоста на регионалната мрежа и електропреносниот систем во целина, се подобрува сигурноста во напојувањето и стабилност на електропреносниуот систем.
Објавена на: 7/14/2020 3:29:00 PM