Испрати по е-пошта

МЕПСО и универзитетот „Мајка Тереза“ склучија меморандум за соработка

Универзитетот „Мајка Тереза“ и МЕПСО склучија меморандум за развој и унапредување на соработка кој создава основа за размена на теоретски знаења, практични искуства во областа на електроенергетиката, а особено во сегмените на пренос на електрична енергија и управување со електропреносниот систем.

Меморандумот за соработка го склучија проф. д-р Азис Положани, ректор на универзитетот „Мајка Тереза“ и г-дин Билен Саљији, заменик генерален директор на МЕПСО, вчера во седиштето на универзитот во Скопје.
Освен соработката на научно-теориско поле меморандумот предвидува и практична настава и поддршка за студентите со можност за обезбедување стипендии за студенти на додипломски и на постдипломски студии на стручни насоки кои се од интерес на МЕПСО. Документот за соработка создава основа и за награди за студенти кои покажале успех во студиите или постигнале значителни резултати во иновативност во предмети од интерес на МЕПСО.

Меморандумот освен обука на кадри во електроенергетиката како основна дејност меморандумот предвидува соработка и на полињата на енергетска ефикасност и заштита на животната средина.

Објавена на: 10/2/2019 1:58:00 PM