Испрати по е-пошта

Покана за доставување на понуди: Лот 1: Набавка и монтажа на 400 kV ДВ од 400/110 kV ТС Битола 2, преку 400/110 kV ТС Охрид до македонско/албанска граница

Северна Македонија: МЕПСО: Македонија-Албанија Интерконекција Фаза I

Покана за доставување на Понуди – во една фаза


Име на Проект: МЕПСО: Македонија-Албанија Интерконекција Фаза I
EБОР идентификација
на Проект: 46274
Земја: Северна Македонија
Предмет на Договор: Лот 1: Набавка и монтажа на 400 kV ДВ од 400/110 kV ТС Битола 2, преку 400/110 kV ТС Охрид до македонско/албанска граница
ECEPP идентификација
на тендерска постапка: 7815965
Вид на набавка: Работи
Метод на набавка: Отворена постапка во една фаза
Име на Клиент: АД МЕПСО
Сектор: Енергетика
Вид на објава: Покана за доставување на понуди – во една фаза

АД МЕПСО има намера да искористи дел од средствата од заемот и грантот администриран од Европската банка за обнова и развој („Банката“) за горе наведениот проект. Дополнителни детали околу финансирањето на проектот се следниве:
АД МЕПСО, Работодавач, има добиено заем од Европската банка за обнова и развој (Банка) и грант финансиски средства обезбедени од Инвестициската рамка за Западен Балкан и Луксембург за финансирање на проектот. Дел од овие средства ќе бидат насочени кон проектирање, набавка, монтажа, тестирање и пуштање во употреба на 400 kV далекувод од 400/110 kV ТС Битола 2, преку 400/110 kV ТС Охрид до македонско/албанската граница.
Договорите кои ќе се финансираат со средства од заемот добиен од Банката и грантот администриран од Банката се отворени за фирми од било која земја.
Клиентот, АД МЕПСО, го објавува овој повик за доставување на понуди за горе наведениот договор. Дополнителен опис е како што следува:
Договорот кој ќе се финансира со дел од средствата од заемот: МЕПСО: Македонија - Албанија интерконекција фаза 1, а кој се однесува на: изградба на 400 kV ДВ од 400/110 kV ТС Битола 2, преку 400/110 kV ТС Охрид до македонско/албанска граница, кој вклучува изработка на детален проект, производство, испорака, монтажа, градба, тестирање, пуштање во работа и одговорност за дефекти за 400 kV ДВ "400/110 kV ТС Битола 2 - македонско/албанска граница", 2x110 kV ДВ "400/110 kV ТС Охрид - Чешо Глава", 110 kV влез-излез врска со постојниот "110 kV ДВ 110/10 kV ТС Струга - 110/10 kV ТС Охрид", набавка на резервни делови и специјални алати, комплетно се’ во секој поглед на основа на клуч-на-рака, како што е детално опишано во тендерската документација.




Договорот се очекува да биде склучен на 20.12.2019 и да се реализира за околу 30 месеци.
Оваа тендерска постапка ќе се спроведува преку електронска набавка со користење на порталот за е-набавки на ЕБОР клиенти (EBRD Client E-Procurement Portal - ECEPP). Потенцијалните учесници кои се имаат регистрирано на ECEPP и изразуваат интерес за договорот, можат да пристапат до документите и можат да побараат појаснување и дополнителни информации од клиентот преку ECEPP. Нерегистрираните фирми треба да се регистрираат на ECEPP на овој линк:
https://ecepp.ebrd.com/respond/Q33X3VSWC4
Средствата од заемот од Банката и грантот управуван од Банката нема да се користат за плаќање на лица или субјекти, или за било каков увоз на стоки, доколку таквото плаќање или увоз се забранети со одлука на Советот за безбедност на Обединетите нации наведени во Поглавје VII од Повелбата на Обединетите нации или според закон или важечка регулатива на земјата на Клиентот.


Адреса на клиентот:
АД МЕПСО
Анита Јованова
Максим Горки бр.4, Скопје, 1000, Северна Македонија
тел. +389 (0)2 3149 825, е-mail: anita.jovanova@mepso.com.mk

Објавена на: 8/5/2019 3:46:09 PM