Испрати по е-пошта

МЕПСО инсталира нова опрема во трафостаницата „Сушица“

Стручните лица од МЕПСО монтираа нова високонапонска опрема и го ставија под напон далекуводното поле што ја поврзува струмичката трафостаница кај село Сушица со трафостаницата Петрич во Република Бугарија.

Мобилните екипи на МЕПСО за три недели успеаја да монтираат нов прекинувач, два резделувачи и шест мерни (струјни и напонски) трансформатори. Сега 110 киловолтното далекуводно поле што ја поврзува трафостаницата „Сушица“ со трафостаницата „Петрич“ е функционално и е ставено под напон.

Како што веќе информиравме на 13 јуни се случи голем дефект во трафостаницата „Сушица“ при што се запали дел од опремата заради што мораше да интервенира и локалната противпожарна служба. Тогаш без напојување со електрична енергија 20 часа останаа неколку населени места во струмичкиот регион.

Објавена на: 7/5/2019 2:46:24 PM