Испрати по е-пошта

Јавна покана и документација за обезбедување ел.енергија за покривање на загубите во електропреносниот систем

Врз основа на член 19 од Статутот на Операторот на електропреносниот систем на Македонија – Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем на Македонија во државна сопственост Скопје - АД МЕПСО, (Сл. весник на Р.М. бр.206/2018), а во врска со член 78, став (2) од Законот за енергетика на Република Македонија („Службен Весник на Република Македонија“ бр.96/2018), Правилата за набавка на електрична енергија за покривање на загубите во електропреносниот систем на Република Македонија одобрени со Одлуката на РКЕ 02-2245/1 од 23.11.2018 година и член 192 од Законот за јавните набавки (Сл весник бр.136/2007, ....и бр.83/2018.), АД МЕПСО објавува:

ЈАВНА ПОКАНА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДА ЈП-01/2019

Почитувани,

Операторот на електропреносниот систем на Македонија – Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем на Македонија во државна сопственост Скопје АД МЕПСО спроведува постапка за доделување на договор за обезбедување на електрична енергија за покривање на загубите во електропреносниот систем на Република Македонија во 2019 година со јавнен повик за поднесување понуди со објавување оглас број. ЈП – 01/2019 согласно Правилата за начинот и постапката за спроведување на јавната набавка одобрена од Регулаторната комисија за енергетика.

Ве молиме да ни ја доставите Вашата понуда за горенаведениот предмет на договорот за обезбедување на електрична енергија за покривање на загубите во електропреносниот систем на Република Македонија во 2019 година, најдоцна до 10.12.2018 во 11.00 часот (по локално време) по пошта на долу наведената адреса или лично со поднесување во архивата на АД МЕПСО.

Со оваа покана на web страната на АД МЕПСО - www.mepso.mk , ќе биде објавена и документацијата за јавниот повик која ги содржи сите информации кои ќе Ви помогнат за изработка на понудата. Документацијта се состои од следните делови: инструкции за понудувачите, технички спецификации, модел на договор и образец на понудата.

Понудувачите, комплетна Документација и ПАКЕТ на Документи за апликација, можат да ја подигнат во просториите на АД МЕПСО, ул. Максим Горки бр.4, Скопје, кат III, од 11:30 до 14:30 часот, или на нивно барање може да им се достави по пошта, при што треба да приложат доказ за извршена уплата во висина од 50,00 Евра на сметка:

- денарска сметка: 530010100845304 - Охридска Банка Скопје или
210059337810365 - Тутунска Банка Скопје или
200001086598648 - Стопанска Банка Скопје или
320000000076830 - Централна Кооперативна Банка Скопје
- девизна сметка: IBAN: MK 07530901000383053,
SWIFT: OHRDMK22; Охридска банка Скопје,
- брoj на сметка: 1470100038307
со назнака на уплатата: за Јавна покана бр. ЈП-01/2019

Адреса: ул. Максим Горки бр.4, 1000 Скопје Република Македонија,
Контакт лице: Изабела Неткова, тел: ++ 389 70 298 403,
електронска пошта: izabelan@mepso.mk ,

Отварањето на понудите ќе биде јавно и ќе се изврши на 10.12.2018 година во 11.00 часот (по локално време) во просториите на АД МЕПСО на ул. Максим Горки бр.4 Скопје Р.Македонија. 


                                                                                                                  АД МЕПСО – Скопје
Овде е достапна тендерската документација


Објавена на: 11/30/2018 11:21:30 AM