Испрати по е-пошта

Прв состанок на управувачките комитети на WB 6 PS DA MI и на MRC

Република Македонија е единствената земја од Западен Балкан која забележи прогрес во имплементацијата на реформите од процесот за либерализација на пазарот на електрична енергија, е истакнато во најновиот извештај на Енергетската заедница. Во извештајот се потенцира издвојување на Операторот за пазар на електрична енергија (МЕМО) во независен правен субјект, процесот за негово лиценцирање од РКЕ и напредокот во процесот за поврзување на организираните пазари на електрична енергија меѓу Република Македонија и Република Бугарија

Претставниците на Управувачкиот комитет на телото за интеграција на организираните пазари на електрична енергија на шесте земји од Западен Балкан ( WB 6 PS DA MI), под претседателство на г-дин Симон Шутиноски, директор на ОПЕЕ, остварија прва работна средба со претставниците на управувачкиот комитет за мулти-регионално поврзување на пазарите на електрична енергија (MRC).


Со оваа средба започна процесот во кој крајна цел е успешна интеграција на земјите од Западен Балкан во единствениот пан-европски пазар на електрична енергија. Средбата се одржа во седиштето на Енергетската заедница, покровител на активностите на WB 6 DA MI.
На состанокот преставниците на двете страни заклучија дека усогласувањето на националните законодавства на земјите од Западен Балкан со третиот енергетски пакет, основањето на берзи за електрична енергија и поврзувањето со берза од земја членка на MRC се неопходни за пристапување на договорните страни од WB6 кон MRC. 

Учесниците ја нагласија потребата за надополнување на пилот проектите на WB6 DA MI со правна рамка за реципрочна примена на Уредбата за мрежните правила на ЕУ, помеѓу земјите од Западен Балкан и земјите членки на ЕУ.
На состанокот е нотирана потребата за понатамошна зајакната соработка меѓу управувачките комитети на WB6 и на MRC на утврдени правни прашања и обврски кои треба да се исполнат за да можат членките на земјите од Западен Балкан вклучени во WB6 да се приклучат кон единствениот односно пан-европскиот пазар на електрична енергија што ќе се дефинира со новиот договор што го регулира поврзувањето на пазарите на електрична енергија, документ што треба да биде готов во првиот квартал 2019 година. За таа цел разговорите ќе продолжат во првиот квартал идната година. 
Објавена на: 11/29/2018 7:02:48 PM