Испрати по е-пошта

Конкурс за именување службеник за усогласеност

Врз основа на член 74 од Законот за енергетика (Службен весник на Р.М.бр. 96/2018), член 23 од Законот за работните односи (Службен Весник на РМ бр.167/15 -Пречистен текст, бр. 27/16, 134/16 и 120/18) Надзорниот одбор на Операторот на електропреносниот систем на Македонија Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем, во државна сопственост Скопје (скратено: АД МЕПСО Скопје) на ден 28.11. 2018 година го распишува следниот:
                                                                         КОНКУРС
                                                   за именување на Службеник за усогласеност

Се распишува оглас за избор на 1 (еден) извршител на позиција Службеник за усогласеност на работењето на Друштвото со Законот за енергетика (Службен весник на РМ бр.98/18) и за следење на реализацијата на Програмата за усогласеност, со кого Друштвото ќе заснова работен однос на неопределено време. 

Општи услови кои треба да ги исполнува кандидатот :
- да е државјанин на Република Македонија
- да не е осудуван со правосилна судска одлука
- да не му е изречена казна забрана за вршење на професија или дејност
- да има завршено ВСС (дипломиран електро инжинер, дипломиран економист или дипломиран правник) со најмалку 240 ектс

Посебни услови кои треба да ги исполнува кандидатот :
- да има најмалку 5 (пет) години работен стаж
- активно да го владее англискиот јазик и да поседува сертификат, диплома или уверение за истото

Дополнителни услови кои треба да ги исполнува кандидатот :
- да има најмалку 5 (пет) години работно искуство на работи во областа на електроенергетски дејности и/или пазар на електрична енергија
- да ги познава прописите од областа на пазар на електрична енергија
- да не извршува друга професионална дејност
- да нема интерес или било каков деловен однос, дирекно или индирекно, со друштва од енергетскиот сектор или со нивните содружници или акционери
- да нема никаков работен удел или друга финсиска корист со друштва од енергетскиот сектор

Работата на Службеникот за усогласеност ги опфаќа сите работни задачи поврзани со членот 74 од Законот за енергетика (Службен весник на Р.М.бр. 96/2018), и тоа :

1. да го следи спроведувањето на програмата за усогласеност и изработува годишен извештај за превземените мерки за нејзиното спроведување кој го доставува до Регулаторна комисија за енергетика;
2. да доставува извештаи до органот за надзор и дава препораки во однос на програмата за усогласеност и нејзина реализација;
3. да ја известува Регулаторната комсија за енергетика за значителни прекршувања во спроведувањето на програмата за усогласеност;
4. да поднесува извештаи до Регулаторна комисија за енергетика за сите финансиски односи помеѓу друштвата од енергетскиот сектор и електропреносниот оператор;
5. на барање на Регулаторната комисија за енергетика, да доставување на сите останати податоци и документација поврзани со спроведувањето на Програмата за усогласеност;
6. да ги доставува до Регулаторната комисија за енергетика предложениот инвестициски план и предложените одлуки за поединечни инвестиции во електропреносниот систем, истовремено кога Управниот одбор на Друштвото ги доставува одлуките до Надзорниот одбор на Друштвото; 
7. да присуствува на сите закажани состаноци на Управниот одбор и Надзорниот одбор на Друштвото, а особено кога се одлучува за :
- условите поврзани со услугите за пристап и користење на електропреносниот систем кои се однесуваат на цените за користење , распределбата на преносниот капацитет и управувањето со загушувањата;
- проектите поврзани со управување, одржување и развој на електропреносниот систем , вклучувајќи ги и инвестициите во интерконективните водови и
- набавката или продажбата на електрична енергија неопходна за функционирање на електропреносниот систем, вклучувајќи ги и системските услуги за балансирање.
8. да врши и други работи согласно Законот за енергетика и Програмата за усогласеност.

Надзорниот одбор откако ќе го избере кандидатот кој ги исполнува условите со претходно одобрување од Регулаторната комисија за енергетика, и со истиот ќе потпише посебен договор за правата и обврските на Службеникот за усогласеност.

Кон Пријавата на огласот потребно е да се приложи :

- молба со детална Биографија (CV),
- уверение за државјанство на Република Македонија (оригинал или фотокопија заверена на Нотар со која потврдува дека копијата е верна на оригиналот),
- доказ од казнена евиденција издаден од судот на чие подрачје се наоѓа живеалиштето на кандидатот или од казнена евиденција која се води при Централен Регистар на РМ дека кандидатот не е осудуван со правосилна судска одлука и да не му е изречена казна забрана за вршење на професија или дејност,
- доказ за стручна подготовка ( оригинал диплома или фотокопија заверена на Нотар со која потврдува дека копијата е верна на оригиналот),
- потврда од Фондот за ПИОМ како доказ за работен стаж (во оригинал) ,
- доказ за познавање на Англиски јазик (сертификат или доказ за завршен курс/курсеви, во оригинал или фотокопија заверена на Нотар со која потврдува дека копијата е верна на оригиналот, или своерачно потпишана изјава).
- изјава заверена на нотар со која кандидатот потврдува дека ги исполнува сите услови наведени во дополнителните услови од огласот и тоа: дека има најмалку 5 (пет) години работно искуство на работи во областа на електроенергетски дејности и/или пазар на електрична енергија; дека ги познава прописите од областа на пазар на електрична енергија; дека не извршува друга професионална дејност; дека нема интерес или било каков деловен однос, дирекно или индирекно, со друштва од енергетскиот сектор или со нивните содружници или акционери и дека нема никаков работен удел или друга финсиска корист со друштва од енергетскиот сектор (во оригинал).

Напомена :
За уредна пријава се смета пријавата која ги содржи сите податоци и прилози неведени во овој оглас.
Кандидатот кој не поднел навремена и уредна пријава или не ги исполнува формалните услови од овој оглас, не се смета за кандидат регистриран на овој оглас .
Пријавите за оглас, со доказите за исполнување на условите, се доставуваат исклучиво по писмен пат, во рок од 7 (седум) дена од денот на објава на огласот на дневните печатени весници “ Слободен печат” и “Коха” , а пратени на следнава адреса:
За АД МЕПСО Скопје, ул. Максим Горки бр.4 со назнака: Оглас за Службеник за усогласеност- НЕ ОТВАРАЈ .
За резултатите од огласот кандидатите ќе бидат известени во рок 7 (седум) дена од истекот на рокот за поднесување на пријави.
                                                                                                       
                                                                                                         м-р Ева Шуклева
                                                                                              Претседател на Надзорен одбор
Објавена на: 11/29/2018 8:22:48 AM