Испрати по е-пошта

Највисоки претставници на МЕПСО на панел дискусија на меѓународната конференција „Жени во енергетика 2018“

Сашо Василевски, претседателот на Управниот одбор и Ева Шуклева, претседателка на Надозрниот одбор на МЕПСО учествуваа на панел дискусија на втората по ред меѓународната конференција „Жени во енергетика 2018“ што се одржа на 4 и на 5 јуни во Скопје. Василевски и Шуклева презентираа факти за застапеноста на жените во организациската и раководната структура на МЕПСО, искуства од спроведувањето на родово-еднаква политика и имплементацијата на инвестициските проекти во чии процеси на носење одлуки и на спроведување се вклучени и жените рамноправно со посилниот пол. 


На панелот своите искуства со публиката ги споделија и генералниот директор на ЕЛЕМ, Драган Миновски и претседателката на Надзорниот одбор на ЕЛЕМ, Верица Узунова, како и Петер Чанчиани, претставник на Централно-европската иницијатива (ЦЕИ).

Овој настан се одржа во организација на Инженерската институција на Македонија и ЕВН Македонија, а поддршка дадоа и МЕПСО и ЕЛЕМ. Оваа конференција има цел да ја подигне свеста за важноста на родовата рамнотежа во бизнис заедницата, идентификувајќи стратегии и програми за еднакви можности во енергетскиот сектор. Еден дел од конференцијата ќе биде посветен на образованието на студентите во енергетиката и нивните можности по дипломирањето. Програмата на конференцијата вклучува воведни предавања од странски експерти, панел сесии, интерактивни дискусии и работилници. На конференцијата свои обраќања имаа и министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. 

На конференцијата учествуваат експерти, претставници од универзитети, бизнис заедницата, меѓународни и регионални организации, државни институции и професионални организации од 12 земји членки на ЦЕИ кои што работат во енергетскиот сектор. Исто така е планирано да се иницира воспоставување платформа за родова еднаквост во науката, технологиите, инженерството и математиката во ЦЕИ регионот.
Објавена на: 6/4/2018 4:00:00 PM