Испрати по е-пошта

НОВО: Листи на потрошувачи кои ги исполнуваат условите за учество на пазарот на електрична енергија во 2018 година


Прелиминарна листа на потрошувачи што ги исполнуваат условите за учество на пазарот на електрична енергија во 2018 година (согласно со податоците од Централен регистар на Македонија)

Листа на мали потрошувачи кои во 2017 година имале потрошувачка на електрична енергија поголема од 100 MWh и заклучно со 30.6.2018 го губат статусот на тарифни потрошувачи

1.Потрошувачите кои што се објавени на листата (потрошувачи кои имаат повеќе од педесет (50) вработени и вкупен годишен приход или вкупна актива поголема од десет (10) милиони евра во денарска противвредност) од следниот ден имаат обврска да учествуваат или самостојно како учесници на пазарот на електрична енергија или преку снабдувач кој ќе ги претставува на либерализираниот пазар на електрична енергија. Потрошувачите од листата кои за првпат се стекнуваат со право за самостоен настап на пазарот на електрична енергија имаат обврска да склучат договор со снабдувач или трговец најдоцна 60 дена по денот на стекнувањето на правото за самостојно учество на пазарот, согласно член 56 од Правилата за пазар на електрична енергија.

2. Согласно член 197 од Законот за енергетика во следната фаза од либерализацијата на пазарот на електрична енергија, потрошувачите кои го губат статусот на тарифни потрошувачи, имаат можност своите потреби од електрична енергија да ги набавуваат по пазарна цена, односно од снабдувач на електрична енергија. Доколку потрошувачите не изберат снабдувач кој ќе ги претставува ќе останат и понатаму да бидат снабдувани од снабдувач на тарифни потрошувачи.

Објавена на: 4/18/2018 3:44:20 PM