Испрати по е-пошта

МЕПСО по петти пат додели стипендии на студенти на ФЕИТ

МЕПСО додели 3 стипендии на студенти на ФЕИТ со што продолжи сега веќе петгодишна традиција за поддршка на студенти на електроенергетската насока кои имаат просек на оценки над 8. По тој повод денеска Сашо Василевски, генералниот директор на МЕПСО им подели стипендии на Драгана Крстевска, Јован Реџиќ и Јовица Перевски. 


Денеска ФЕИТ беа доделени вкупно осум стипендии на најдобри студенти на Факултетот за електротехника и информациски технологии, а стипендиите ги доделуваат МЕПСО, ЕЛЕМ и ЕВН Македонија. На овој начин продолжува традицијата на стипендирање на најдобрите студенти на ФЕИТ со месечна стипендија од 6.000 денари, кои ќе ја добиваат доколку задржат минимална оценка од 8.0.

Компанијата МЕПСО го цени трудот на студентите и затоа, ги поддржува во постигнувањето солидни резултати, потврдува директорот Василевски.

„Горди сме што во континуитет можеме да ги подржуваме студентите кои имаат солидни резултати. Со тоа преку позитивната практика се мотивираат идни студенти дека со труд и работа можат стигнат до стипендија. Нашата порака до стипендистите е дека го цениме нивниот труд и ја следиме нивната работа. Во иднина сигурно ќе продолжиме со стипендирање, а ќе ги разгледаме и опциите за вработување на нашите стипендисти“, истакна Сашо Василевски, генерален директор на МЕПСО.


Деканот Димитар Ташковски истакна дека како факултет се благодарни што со доделувањето стипендии и соработката со компаниите.
„ Наскоро ќе го распишеме и најновиот повик за актуелните студенти од прва година со просек над 8 и со завршени обрски во рок да учествуваат на конкурсот за стипендирање од енергететски компании. Дека Факултетот добива значајни партнери од стопанството потврдува и најновиот Центар за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ. Токму ЕЛЕМ, МЕПСО и ЕВН се дел од компаниите кои станаа наши партнери во заедничкото вложување во делот на иновации и трансфер на технологии. Некои од овие студенти, денешни добитници на стипендии, заедно со енергетските комапнии, може да работат во Центарот “.

Според Драган Миновски, директорот на ЕЛЕМ тие како општествено одговорна компанија, сака да вложува во младите луѓе, сака да помогне во продуцирањето кадар, особено од областа на електротехниката и информациските технологии, како и од други области кои се барани во стопанството и на кои, во иднина, уште повеќе ќе почива индустријата и целата економија. 


ЕВН Македонија како компанија, според Штефан Петер, има обврска да ги селектира најдобрите и да им овозможи развој на кариерата. 
„Професорите ја имаат обврската да ги образуваат и создаваат квалитетните кадри, а ние да ги селектираме најдобрите и да им овозможиме развој на кариерата. ЕВН досега селектираше околу 30 студенти, од кои половина станаа наши колеги откако ја минаа селекцијата, работат, напредуваат, се развиваат во правец кој заеднички го градиме за нашата компанија. Некои од нив веќе работат и на позиции каде што имаат можност да одлучуваат за многу процеси во компанијата. Вратата на ЕВН е секогаш отворена за млади, стручни, иновативни кадри кои треба да придонесат за развој и на компанијата и на енергетиката во земјата“, рече Петер.


Објавена на: 3/28/2018 2:43:45 PM