Испрати по е-пошта

Јавен оглас за вработување во МЕПСО

Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работни односи (пречистен текст Објавен во службен весник на РМ број 167/2015 и измена и дополнување на ЗРО број 27/2016 ), член 5, 6, 7 и 8 од Колективниот Договор на Операторот на електропреносниот систем на Македонија, Акционерско Друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем во државна сопственост Скопје или скратено АД МЕПСО, Скопје, (арх. бр. 02-6432 од 31.10.2013 година), и Одлуката број 02- 1769 од 09.03.2018 година за потреба од засновање на работен однос, Операторот на електропреносниот систем на Македонија, Акционерско Друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем во државна сопственост Скопје или скратено АД МЕПСО, Скопје, објавува
Ј А В Е Н О Г Л А С

За потреба од засновање на работен однос со 22 (дваесет и два ) работника за извршување на работи на неопределено време, во Операторот на електропреносниот систем на Македонија, Акционерско Друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем во државна сопственост Скопје или скратено АД МЕПСО, Скопје.



Кандидатите, покрај општите услови утврдени со закон, треба да ги исполнуваат посебните услови за пополнување на следните работни места:
1. 1 (еден) извршител на работното место САМОСТОЕН РЕФЕРЕНТ ЗА ПЛАН,АНАЛИЗА ИНВ.ТЕКОВНО во Служба за план,анализа и осигурување Оддел за финансиски ,план и оператива,Сектор за финансиски работи со Висока стручна подготовка – ВСС – VII /1 степен Економски факултет или по национална рамка за ВОК/ЕКТС - VIА/240 ектц , со три години работно искуство, за кое работно место нето платата изнесува 38.500,00 денари.

2. 1 (еден) извршител на работното место Референт за пресметка на данок, Оддел за сметководство , Сектор за финансиски работи со Виша/Висока стручна подготовка – ВШС/ВСС – VI/VII /1 степен Економски факултет или по национална рамка за ВОК/ЕКТС - VI/180- 240 ектц , со две години работно искуство, за кое работно место нето платата изнесува 35.100,00 денари.

3. 1 (еден) извршител на работното место архивар во служба за општи работи Оддел за општи работи ,Сектор за правни и општи работи , со средна стручна подготовка – ССС – IV степен економско,гимназија/правно училиште , со работно искуство од 1 година , за кое работно место нето платата изнесува 26.000,00 денари

4. 2 (два) извршители на работното место хигиеничар , техничко одржување и хигиена, во служба за општи работи ,Оддел за општи работи ,Сектор за правни и општи работи, со основно образование – I степен , без работно искуство, за кое работно место нето платата изнесува 18.100,00 денари.


5. 1 (еден) извршител на работното место ОПШТ РАБОНИК ,ТС СКОПЈЕ 4 , во служба за ПТР Оддел за ТС ,Подружница ОПМ со основно образование –– I степен , основно училиште , без работно искуство, за кое работно место нето платата изнесува 19.800,00 денари.

6. 1 (еден) извршител на работното место ХИГИЕНИЧАР ,Регионален центар Неготино, ТС Дуброво , во служба за ПТР ,Оддел за ТС ,Подружница ОПМ со основно образование –– I степен , основно училиште , без работно искуство, за кое работно место нето платата изнесува 19.200,00 денари.

7. 1 (еден) извршител на работното место ВКЛОПНИЧАР во ТС БИТОЛА 2 , во служба за ПТР ,Оддел за ТС ,Подружница ОПМ со средна стручна подготовка – ССС – IV степен електротехничко училиште , со 1 година работно искуство, за кое работно место нето платата изнесува 31.700,00 денари.

8. 1 (еден) извршител на работното место работник за ФТО И ППЗ во ТС БИТОЛА 2 , во служба за ПТР ,Оддел за ТС ,Подружница ОПМ со средна стручна подготовка – ССС – III/ IV степен со лиценца за обезбедување на лица и имот , со 1 година работно искуство, за кое работно место нето платата изнесува 23.200,00 денари.

9. 2 (два ) извршители на работното место ПОГОНСКИ ЕЛЕКТРИЧАР ,ТС БИТОЛА 2, во служба за ПТР ,Оддел за ТС ,Подружница ОПМ со средна стручна подготовка – ССС – IV степен електротехничко училиште , со 1 година работно искуство, за кое работно место нето платата изнесува 29.400,00 денари.

10. 1 (еден) извршител на работното место МОБИЛЕН ВКЛОПНИЧАР ВО РЕГИОНАЛЕН ЦЕНТАР БИТОЛА ,ТС БИТОЛА 1 , во служба за ПТР ,Оддел за ТС Подружница ОПМ со средна стручна подготовка – ССС – IV степен електротехничко училиште , со 1 година работно искуство, за кое работно место нето платата изнесува 29.400,00 денари.

11. 1 (еден) извршител на работното место ВКЛОПНИЧАР ВО ТС ПРИЛЕП , во служба за ПТР Оддел за ТС ,Подружница ОПМ со средна стручна подготовка – ССС – IV степен електротехничко училиште , со 1 година работно искуство, за кое работно место нето платата изнесува 29.400,00 денари.

12. 1 (еден) извршител на работното место ВКЛОПНИЧАР ВО ТС КАВАДАРЦИ во служба за ПТР ,Оддел за ТС ,Подружница ОПМ со средна стручна подготовка – ССС – IV степен електротехничко училиште , со 1 година работно искуство, за кое работно место нето платата изнесува 29.400,00 денари.

13. 1 (еден) извршител на работното место ВКЛОПНИЧАР ВО ТС БУЧИМ , во служба за ПТР Оддел за ТС ,Подружница ОПМ со средна стручна подготовка – ССС – IV степен електротехничко училиште , со 1 година работно искуство, за кое работно место нето платата изнесува 29.400,00 денари.

14. 1 (еден) извршител на работното место МОБИЛЕН ВКЛОПНИЧАР ВО ТС ВЕЛЕС во служба за ПТР ,Оддел за ТС ,Подружница ОПМ со средна стручна подготовка – ССС – IV степен електротехничко училиште , со 2 години работно искуство, за кое работно место нето платата изнесува 29.400,00 денари.


15. 1 (еден) извршител на работното место ВКЛОПНИЧАР ВО РЕГИОНАЛЕН ЦЕНТАР ОХРИД , ТС ОХРИД, во служба за ПТР ,Оддел за ТС ,Подружница ОПМ со средна стручна подготовка – ССС – IV степен електротехничко училиште , со 1 година работно искуство, за кое работно место нето платата изнесува 29.400,00 денари.

16. 1 (еден) извршител на работното место МОБИЛЕН ВКЛОПНИЧАР ВО РЕГИОНАЛЕН ЦЕНТАР ОХРИД , ТС ОХРИД, во служба за ПТР ,Оддел за ТС Подружница ОПМ со средна стручна подготовка – ССС – IV степен електротехничко училиште , со 1 година работно искуство, за кое работно место нето платата изнесува 29.400,00 денари.

17. 1 (еден) извршител на работното место ЕЛЕКТРОМОНТЕР 3 во ДВ ЕКИПА СКОПЈЕ, во служба за одржување на ДВ ,Оддел за ДВ ,Подружница ОПМ со средна стручна подготовка – ССС-електротехничко/машинско училиште (техничка насока) – III/IV степен дополнителни услови за работа на височина(лекарско уверение за општа психофизичка состојба и медицинска потврда за работа на височина) , без работно искуство, за кое работно место нето платата изнесува 26.000,00 денари.

18. 1 (еден) извршител на работното место ПРЕДРАБОТНИК во ДВ ЕКИПА ШТИП , во служба за одржување на ДВ ,Оддел за ДВ ,Подружница ОПМ со средна стручна подготовка – ССС-електротехничко училиште , IV степен , со 4 години работно искуство, за кое работно место нето платата изнесува 30.600,00 денари.

19. 1 (еден) извршител на работното место ЕЛЕКТРОМОНТЕР 1 во ДВ ЕКИПА ШТИП во служба за одржување на ДВ ,Оддел за ДВ ,Подружница ОПМ со средна стручна подготовка – ССС-електротехничко/машинско училиште (техничка насока) – III/IV степен ,дополнителни услови за работа на височина(лекарско уверение за општа психофизичка состојба и медицинска потврда за работа на височина) , со 4 години работно искуство, за кое работно место нето платата изнесува 29.400,00 денари.

20. 1 (еден) извршител на работното место ЕЛЕКТРОМОНТЕР 2 во ДВ ЕКИПА ШТИП во служба за одржување на ДВ ,Оддел за ДВ ,Подружница ОПМ со средна стручна подготовка – ССС-електротехничко/машинско училиште (техничка насока) – III/IV степен ,дополнителни услови за работа на височина(лекарско уверение за општа психофизичка состојба и медицинска потврда за работа на височина) , со 2 години работно искуство, за кое работно место нето платата изнесува 27.200,00 денари.


Со пријавата во која се наведедува за кое работно место се аплицира , кандидатите да ги достават потребните документи ,во зависност од наведените услови за конкретното работно место за кое аплицираат :

- Кратка биографија (CV ) и писмо за мотивација на македонски јазик 
- Доказ за завршено образование (во оригинал или копија заверена кај нотар)
- Уверение за државјанство (копија )
- Доказ за работно искуство, со наведување на работното искуство и времетраењето на тоа искуство, издаден од компанија /институција/орган, со која се докажува дека лицето (кандидатот) со конкретен степен на стручна подготовка има стекнато работно искуство, вештини и слично ( во оргинал или копија заверена кај нотар) или Листа од ПИОМ 
- Контакт телефон

Огласот трае 5 пет работни дена од денот на објавувањето ( не сметајќи го денот на објавувањето). 
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавувањето во зависност од бројот на пријавените кандидати .
Работниот однос се заснова на неопределено време.
Работната недела трае 5 работни дена (од понеделник до петок), полното работно време изнесува 40 часа неделно , со 8 работни часа дневно , почетокот и завршетокот на дневното работно време е од 7,45 часот до 08,15 а заминување од работа од 15,45 часот до 16,15 часот , со право на пауза во текот на дневната работа во траење од 30 минути , во периодот од 10,00 часот до 12,00 часот.
Работите и работните задачи од работните маста наведени во Т.7, 8, 9, 10, 11, 12, 13, 14, 15, 16, 17, ќе се извршуваат во деловните простории на трансформаторските станици на работодавачот - Оператор на електропреносниот систем на Македонија, Акционерско Друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем, во државна сопственост, во ТС Битола 1 и 2 , ТС Кавадарци, ТС Бучим,ТС Прилеп, ТС Велес, ТС Охрид . За наведените работни места , работното време е во две смени и тоа:
 првата смена започнува од 06,45-07,15 а завршува 18,45-19,15 
 втората смена започнува од 18,45-19,15 , а завршува 06,45-07,15
со право на пауза во текот на дневната работа во траење од 45 минути , без да се напушта работното место.

Работите и работните задачи од работните маста наведени во Т.18, 19, 20 , ќе се извршуваат во деловните простории на трансформаторската станица ТС Штип, на работодавачот - Оператор на електропреносниот систем на Македонија, Акционерско Друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем, во државна сопственост. 
Ненавремено доставените, како и некомплетните пријави, нема да се земат во предвид при разгледувањето.
Рокот за доставување на пријавите и документите на заинтересираните кандидати изнесува 5 (пет) работни дена ,сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на објавувањето). 
Сите апликации ќе бидат обработени со максимална доверливост.
За извршениот избор пријавените кандидатите ќе бидат известени во рок од 5 (пет) работни дена од денот на склучувањето на договорот за вработување со избраниот кандидат.

Операторот на електропреносниот систем на Македонија, Акционерско Друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем во државна сопственост Скопје или скратено АД МЕПСО, Скопје нуди еднакви можности за вработување без оглед на пол, раса, возраст, политичко мислење, брачен статус, религија, етничка или национална припадност.

Потребните документи да се достават на адресата на АД МЕПСО Скопје, ул.”Максим Горки” бр.4 Скопје.

Генерален директор,
Сашо Василевски
__________________
Објавена на: 3/26/2018 8:05:00 AM