Испрати по е-пошта

Учесници на пазарот на електрична енергија

На пазарот на електрична енергија кој е организиран во Република Македонија учествуваат производители, потрошувачи и компании кои се занимаваат со трговија со електрична енергија. 

Регистар на учесници на пазар на електрична енергија

Регистар на балансно одговорни групи


Листа на повластени производители на електрична енергија (фотоволтаични системи)

Листа на повластени производители на електрична енергија (хидроелектрични централи)


Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија во декември 2012 година и во јуни 2013 го пролонгираше рокот за либерализација на пазарот на електрична енергија. Регулаторната комисија за енергетика на седницата одржана на 30.09.2013 година го донесе Акцискиот план за либерализација на пазарот на електрична енергија во Република Македонија. Регулаторната комисија за енергетика со овој Акциски план како почетен датум за либерализацијата на пазарот на електрична енергија за сите потрошувачи, освен домаќинствата, го утврдува 01.04.2014 година. Согласно Акцискиот план за либерализација на пазарот на електрична енергија во Република Македонија, претпријатијата наведени во листата дадена во прилог, од 01.04.2014 година се стекнуваат со својство на квалификувани потрошувачи. Потрошувачите кои што се објавени на листата (потрошувачи кои имаат повеќе од педесет (50) вработени и вкупен годишен приход или вкупна актива поголема од десет (10) милиони евра во денарска противвредност) од 01.04.2014 година можат самостојно да учествуваат на пазарот на електрична енергија. Тие се должни да се регистрираат како учесници на пазарот на електрична енергија согласно Правилата за пазар на електрична енергија и да склучат договор со снабдувач со електрична енергија или трговец со електрична енергија за наредната година најдоцна триесет (30) дена пред денот на стекнувањето на својството квалификуван потрошувач.

Листата на квалификувани потрошувачи кои можат самостојно да учествуваат на пазарот на електрична енергија ја води и ажурира ОПЕЕ за секоја година, врз основа на податоци доставени од Централен регистар на Република Македонија. ОПЕЕ е должен најдоцна до 30 јуни во тековната година да ја објави листата на квалификувани потрошувачи за наредната година на својата веб страна.

Листа на компании - квалификувани потрошувачи за наредната година