Испрати по е-пошта

Студии и анализи

Студија за евалуација на инвестициите во преносната мрежа заради поддршка на развојот на пазарот и новите производни објекти во ЈИЕ
(Study for Evaluation of Investment in Transmission Network to Sustain Generation and Market Development in SEE, ноември 2007)


Главна цел на Студијата за инвестирање во енергетски извори е да им помогне на Европската Комисија, Светската Банка и инвеститорите во идентификација на листа на приоритетни инвестиции во производството на енергија и поврзаната со нив енергетска инфраструктура во ЈИЕ, и да влијае на паралелен развој на мрежата. Временската рамка е 2005 – 2020, и главната цел е да се види дали очекуваната топологија на мрежата и развојното ниво е соодветно за развојните планови на изворите, направен според пазарните услови. Следниве проучувања беа спроведени: Текови на моќност и напонски профил, Инсталирање на нови производни капацитети (различни сценарија), Регионален развој на мрежата и неопходното зајакнување...


Студија за критериуми за валоризација на инвестициите во преносната мрежа
(Study for Transmission Network Investment Criteria, април 2007)


Главна цел на оваа студија е да развие заеднички и регионален пристап за развој на преносната мрежа и да развие заеднички пристап во оценката на инвестиционите планови од регионална перспектива, земајќи ги во предвид јакото влијание од отворањето на пазарот. Следниве проучувања се спроведени: собирање на податоци и анализа, Анализа на законодавството, Регионален развој на мрежата и сл...


Анализа за промена на напонското ниво на 220 kV далекувод Вруток – Скопје

Анализата има за цел да ја испита оправданоста од постоење на 220 kV далекувод Вруток – Скопје, а воедно да ги покаже придобивките/недостатоците од преминувањето на постојниот 220 kV далекувод на 110 kV напонско ниво. 220 kV напонско ниво на Р. Македонија пред осамостојувањето претставувало интегрален дел од 220 kV мрежа на СФРЈ. Со воениот конфликт во СР Југославија 1999, делот од 220 kV далекувод македонска граница – Косово е разрушен. Како резултат на ова, 220 kV мрежа на  македонскиот ЕЕС е сведена на далекуводот Вруток – Скопје. Функционирањето на далекуводот е пропратено со голем број на проблеми во врска со исклучителната ниска вредност на напонот на 220 kV собирници.


Анализа за новата интерконекција Црвена Могила – (Штип) – Дуброво

Главната цел на оваа анализа е да ги претстави основните параметри на мрежните можности пред и по пуштање во погон на новата 400 kV интерконекција Црвена Могила – (Штип) – Дуброво. Покрај тоа анализата го разгледува прашањето за останување во погон на 110 kV далекуводи меѓу Македонија и Бугарија. Анализата дава предлог како во иднина да се пресметува NTC меѓу овие земји (дефинирање на област извор и област понор).


Избор на оптимално решение за приклучен јазел на новата 400 kV интерконекција кон Србија

Во трудот се опишани техно – економските анализи на предлог варијантите за избор на приклучен јазел на новата 400 kV интерконекција кон Србија. Потребата од новата интерконекција е поттикната од зголемувањето на обемот на размена на електрична енергија меѓу ЕЕС на Македонија и Србија и таа е поддржана од Електропреносните оператори на системите на Македонија (МЕПСО) и Србија (ЕМС). Новата 400 kV интерконекција се планира да се реализира како едносистемски 400 kV вод со челично-решеткасти столбови и два спроводници во сноп по фаза, тип Al/Fe 490/65 mm2/mm2. Далекуводот на српска територија започнува од 400/220 kV ТС Ниш. Заради подобрување на електроснабдувањето во јужните делови на Србија, на водот од Ниш се планира приклучок на две нови 400 kV трансформаторски станици:ТС Врање и ТС Лесковац. Анализирани се варијанти во кои се предвидува Интерконекцијата да заврши во една од 400/110 kV трафостаници во Скопје, ТС Скопје 5 или ТС Скопје 4, или пак во новата 400/110 kV ТС Штип.
Според техно-економските анализи како најповолна е усвоена варијанта со која се предвидува вториот 400 kV далекувод кон Косово Б да користи траса на еден од постојните 220 kV водови кон Косово А и да се приклучи во ТС Скопје 5. Новата 400 kV интерконекција од Србија завршува во новата 400/110 kV ТС Штип.