Испрати по е-пошта

Регионални проекти

Име на проектот:

SECI Проект за регионално планирање на преносни мрежи
(Regional Transmission System Planning – TSP Project)

Кратка информација за проектот:

Во рамките на SECI - Southeast Europe Cooperation Initiative (Иницијатива за соработка меѓу земјите од ЈИЕ) во 2001 година се оформи Проект за регионално планирање на преносни ЕЕ мрежи (TSP – Проект). Основна идеја на проектот воведување на регионален пристап при планирање на преносните мрежи и оформување на заедничка база на податоци за електроенергетскиот систем во регионот, која ќе биде постојано ажурирана и користена од преносните систем-оператори од ЈИЕ. Проектот е финансиран од USAID, Биро за енергетика и инраструктура за Европа и Евроазија. Координацијата на проектот се остварува преку USEA - United States Energy Association и МЕПСО.
Како поддршка на регионалниот пазар за ЕЕ и исполнување на барањата на Атинскиот Форум за оптимизација и избор на потенцијалните инвестиции во производни и преносни капацитети, SECI TSP – Проектот ги реализира следните задачи:
  • Студија за критериуми за валоризација на инвестициите во преносната мрежа, Study for Transmission Network Investment Criteria, април 2007.
  • Студија за евалуација на инвестициите во преносната мрежа заради поддршка на развојот на пазарот и новите производни објекти во ЈИЕ, Study for Evaluation of Investment in Transmission Network to Sustain Generation and Market Development in SEE, ноември 2007.
  • Студија за проценка на неизвесности и ризици за идните  инвестициски  проекти во преносната мрежа на ЈИЕ, Study for Uncertainties in SEE Transmission Network and Evaluation of Risk for Future Infrastructure Investments, во изработка.
  • Конструкција на регионален модел на преносната мрежа за 2015 и 2020 година. Изработка на динамички модел за 2015.
Изработувачи на студиите се експерти од Енергетскиот Институт Хрвоје Пожар – Загреб и Електроенергетскиот Координативен Центар, ЕКЦ – Белград.


Име на проектот:

Регионална група „Континентална Југоисточна Европа“ при ENTSO-E Комитетот за развој на системот
(Regional Group “Continetal South East” in ENTSO-E System Development Committee)

Кратка информација за проектот:


Во рамките на Комитетот за развој на системот во ENTSO-E (ENTSO-E System Development Committee) работат 6 регионални групи кои ги организираат и изведуваат планирачките активности за развој на преносната мрежа.
Регионалната група „Континентална Југоисточна Европа“ (Regional Group “Continental South East”), ја сочинуваат претставници на систем-операторите на ЕЕС од следните земји: Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Хрватска, Унгарија, Италија, Црна Гора, Македонија, Романија, Словенија и Србија.
Главна цел на Работната група е регионална координација при планирачките активности, проучување на адекватноста на развојот на преносната мрежа, поддршка на развојот на пазарот на електрична енергија и интеграција и експлоатација на обновливи извори на енергија.
Регионалната група подготвува редовни извештаи за развој на преносната мрежа и производните објекти, со посебен осврт на обновливите извори.
Во тек е изработка на Студија за проценка на преносните капацитети во ЈИЕ за зима 2013 (Transmission Capacities Assessment in SEE for Winter 2013). Изработувач на Студијата е МЕПСО со примена на софтверскиот пакет PSSTMMUST.


Име на проектот:

Проект за координирана аукција базирана на текови на моќности во регионот на ЈИЕ
(Dry-run Coordinated Flow-based Auctions in SEE Region)

Кратка информација за проектот:


Во рамките на SUDEL/SETSO Подгрупата за мрежен пристап, управување со загушувања и текови на моќност (SUDEL/SETSO NACMPF SG –Network Access, Congestion Management and Power Flows Subgroup), преносните систем-оператори од ЈИЕ ги истражуваат можностите за имплементација на нови методи за алокација на преносните капацитети. Новите методи го отсликуваат физичкото однесување на  преносните системи, за разлика од досега применуваните методи на европските граници за доделување на преносниот капацитет кои се ограничени на една граница и не ги земаат предвид феномените на физички текови на ЕЕ (на пример како што е билатералната АТC алокација).
Новиот метод на Координираната експлицитна аукција (Coordinated Explicit Flow-based Auction) се базира на тековите на моќност, и ги користи дистрибутивните фактори (PTDF-Power Transfer Disribution Factors), за да ги претвори комерцијалните размени во нивното физичко влијание врз тековите на моќност кај потенцијалните “тесни грла“ во преносната мрежа, и граничниот капацитет (BC), или максималните текови на моќност (MF), како физички ограничувања за тие протоци. Истражуваниот концепт се очекува дека ќе има подобри перформанси во споредба со веќе применетите не-координирани (билатерални) механизми за распределба на преносен капацитет. Новиот метод е технички многу погоден за регионот на ЈИЕ, како област која се состои од голем број на мали и средни преносни системи со високо ниво на меѓузависност.



Име на проектот:


Проектот за енергетско планирање на земјите од Југоисточна Европа
(South East Europe Regional Energy Demand Planning SEE-REDP)

Кратка информација за проектот:


Осум држави од регионот на ЈИЕ во септември 2005 потпишаа меморандум за работа на Проектот за енергетско планирање на земјите од Југоисточна Европа (South East Europe Regional Energy Demand Planning SEE-REDP).
Работната група го развива моделот за енергетско планирање и анализи под водство на IRG – International Resource Group, како координатор на проектот, и со спонзорство на USAID. Работните активности се насочени на разработка на сите алтернативи кои имаат влијание на идните промени на потрошувачката на енергенси, како што се нови тарифи, употребата на обновливи извори, менаџирање на потрошувачката на енергија, субвенционирање на горивата и енергетската ефикасност. За потребите на проектот изработен е модел за енергетско планирање на Македонија до 2027 година, кој се темели на податоците од заводот за статистика, министерството за економија и енергетските биланси. Како софтверска алатка за изработка на анализите и сценаријата се користи MARKAL.
Резултат на проектот се две студии:
  • Студија за инвестиции во производни капацитети, GIS – Generation Investment Study.
  • Студија за регионална гасификација, RGS – Regional Gasification Study
Студијата GIS претставува една од основните студии каде се опфатени потребите од енергетски капацитети во наредните 15 години. Оваа студија е фокусирана на производните капацитети во енергетскиот сектор и дава проекција на идните потреби од енергија директно зависни од економскиот развој. Студијата RGS го опишува потенцијалот за зголемување на потребите од природен гас.