Испрати по е-пошта

Оддел за техничка информатика

Одделот за ТИ го опслужуваат:
  • Служба за SCADA/EMS;
  • Служба за мерење електрична енергија;
  • Служба за AMR/MDM;
  • Служба за телеинф. и комуникации;
  • Служба за SACS;

Службата за SCADA/EMS е надлежна за функционирање на техничкиот систем за контрола и управување со електроенергетскиот систем на Република Македонија. Доменот на активностите ги опфаќа аквизицијата, обработката и презентацијата на податоците потребни за управување во реално и проширено реално време. Во доменот на оваа служба е и обезбедување на оперативноста на целокупниот технички систем за управуување со електроенергетските објекти и електропреносната мрежа на Република Македонија.

Службата за мерења на електрична енергија е задолжена за инсталирање и експлоатација на броилата за електрична енергија. Станува збор за преметковни и контролни броила во објектите на АД МЕПСО како и во објектите на разграничување помеѓу АД МЕПСО и АД ЕЛЕМ односно АД МЕПСО и EVN Македонија. 

Служба за AMR/MDM: Примарната улога на службата за AMR/MDM (Аutomated Мeter Reading/Meter Data Management) е да врши аквизиција на податоците од мерните уреди ( Load profiles, Billing data , data Loss…), складирање на податоците во база на податоци , како и нивно процесирање и дистрибуирање. Службата работи согласно развојот на мрежните операции и планирањето и придонесува за добивање прецизни модели на оптоварувањата, како и подобра услуга до корисниците со секојдневна дистрибуција на мерните податоци. AMR/MDM службата изработува и специфични барања врзани за ефикасност и ефективност на потрошувачката за нормално и непречено функционирање на процесите во ЕЕ систем.

Служба за ТЕИКО е одговорна за работењето на телеинформатичката мрежна структура која се користи за размена на податоци меѓу Националниот диспечерски центар и електроенергетските објекти. Исто така службата е налдежна за работата на телеконтролниот интерфејс меѓу SCADA системот и електроенергетските објекти како и останатите интерфејси . Во рамките на оваа служба припаѓа и Electrnic Highway системот преку кој се врши размена ана податоци меѓу центрите на ENTSO – E и Националниот Диспечерски центар на МЕПСО. Преку истиот систем се врши и поврзување со преносните систем-оператори на соседните земји.


Служба за SACS (System Automation Control Systems) е задолжена за системите за надзор и управување со електроенергетски објекти - електропреносни трафостаници 110/x и 400/110KV. SACS системите овозможуваат аквизирање на статуси на расклопната опрема, аналогни мерења, аларми и командување со расклопната опрема во реално време, локално од самите ТС и далечински од НДЦ. На тој начин се зголемува опсервабилноста на електроенергетската мрежа на Македонија и се зголемува ефикасноста, сигурноста и доверливоста во водењето на електроенергетскиот систем на Македонија.


Најважни активности на Одделот за ТИ