Испрати по е-пошта

Оддел за управување со електропреносниот систем

Одделот за управување со електропреносниот систем оперативно се грижи за стабилна и доверлива работа на преносната мрежа со која оперира МЕПСО. Во рамки на овој Оддел функционира Националниот диспечерски центар (НДЦ) од кој оперативно се управува со електропреносниот систем, по што МЕПСО го прави единствена компанија по својата функција: остварува врвен јавен интерес стабилна и доверлива работа на електропреносниот систем. Овој Оддел го сочинуваат две служби: 

СЛУЖБАТА ЗА ОПЕРАТИВНО ПЛАНИРАЊЕ ги извршува следните активности:
  • Изработка на конечен дневен дијаграм на производство и потрошувачка не електрична енергија на Република Македонија;
  • Изработка на дневните планови на прекугранична размена;
  • Координација со СММ блокот;
  • Анализа на сигурност на преносната мрежа за предложениот план за ангажирање на производните капацитети и размена (прием и анализа на предложениот план и потврда на конечниот дневен дијаграм на производство и потрошувачка на електрична енергија);
  • Координација на ремонтните активности, односно изработка на план за исклучување на преносните и производните елементи од преносната мрежа, годишно, месечно и дневно ниво;
  • Одобрување на планските барања за исклучување на преносни капацитети;
  • Пресметка на загушувањата во преносната мрежа за наредниот ден ( DACF пресметка), изработка и размена на DACF моделите со соседните Систем Опеаратори (ТСО);
  • Пресметка на прекуграничните преносни капацитети (NTC) на годишно, месечно и неделно ниво;
  • Организирање на аукциска процедура за доделување на расположивиот преносен капацитет на интерконекциите на Република Македонија;
  • Пресметка на прекугранична размена по ЦБТ (ITC) методологија;
  • Оптимизација на работата на ЕЕС;
  • Учество во изработката на електроенергетскиот биланс на Република Македонија;
  • Краткорочно, среднорочно и долгорочно планирање на ЕПС;

СЛУЖБАТА ЗА ОПЕРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ ги извршува следните активности:
  • Собирање и архивирање на податоци неопходни за планирање и анализа на работата на електропреносниот систем (ЕПС), изработка на извештаи за работата на ЕПС;
  • Регулација на фреквенција и размена на моќност (употреба на секундарна регулација, ангажирање на терциерна регулација, активирање на резервна моќност во случај на хаварии или поголеми отстапување при снабдувањето на потрошувачите со електрична енергија) и регулација на напонот;
  • Следење на работата на ЕПС ( фреквенција, грешка на регулационата област, напон, токовите на активна и реактивна енергија);
  • Организирање на ремонтни активности и активности за одржување на преносната мрежа (одобрување на интервентни активности, отворање и затворање на дозволи за работа, манипулации за промена на вклопната состојба со елементите од преносната мрежа;
  • Пуштање во погон на новоизградените или реконструктираните електроенергетски објекти директно приклучени на преносната мрежа со која оперира МЕПСО;
  • Оперативни активности: измени на Дневните планови за работа на ЕПС, промена на планот на ангажирање на производните единици, ре-диспечинг, анализа на сигурност на работата на ЕЕС согласно со критериумот “N-1”;
  • Превзема мерки, во случај на пореметување, за повторно воспоставување на нормални услови на работа на ЕЕС;
  • Утврдува приоритети при изведување на активности во преносната мрежа;
  • Анализа на сигурност на преносниот систем за предложениот план за ангажирање на производните капацитети;

    План за ремонти на интерконективни и внатрешни далеководи за 2018 година