Испрати по е-пошта

Сектор за стратешко планирање и анализа на електроенергетскиот систем

Во Секторот за стратешко планирање и анализа на ЕПС се спроведуваат истражувања за најразлични техно-економски аспекти на планирање на преносната мрежа и анализа на електроенергетскиот систем во земјава како и влијанието на регионот врз ЕПС на Македонија, во согласност со тeхничките стандарди и препораки на националната и европската регулатива.

Од спектарот на активности кои се спроведуваат во Секторот посебно може да се нагласат активностите за изработката на студија за развој на високонапонската мрежа на Република Македонија; студии за поврзување со соседните системи; приклучувањето на корисниците на преносната мрежа; студии за оправданост на високонапонските објекти; изработка на инвестициско-техничката документација потребна за меѓународните финансиски институци и оценка на влијанијата врз животната средина од високонапонските објекти.

Секторот за стратешко планирање и анализа на ЕПС организациски е поделен во две служби: Служба за стратешко планирање и Служба за развојни анализи на ЕПС. Во Службата за стратешко планирање се изработуваат инвестициските програми врз основа на предлозите за развој на преносната мрежа, се истражуваат нови пазарни функции и методологии за техно-економските анализи и се применуваат нови техники за планирање на ЕЕС и инвестирање во преносната мрежа. Во Службата за развојни анализи на ЕПС се изработуваат предлози за развој на преносната мрежа, се изработуваат анализи за студиите од доменот на секторот, се истражуваат нови функции за управување со ЕПС и се применуваат нови техники за анализа на ЕПС. При планирање на развојот на електропреносната мрежа се користи меѓународно познатиот PSS/EТМ и MUST програмски пакет.Секторот за стратешко планирање и анализа на ЕЕС соработува со релевантни национални и интернационални тела и институции во доменот на секторот.

Научни трудови

Регионални проекти

Студии и анализи

Планирани проекти

Архива