Испрати по е-пошта

Оддел за ревитализација

Одделот за ревитализација е организациска единица во состав на подружницата Оператор на преносната мрежа (ОПМ) и основна функција е обновување на енергетските постројки на ОПМ.
Во рамки на Одделот за ревитализација функционира Електро служба.
Eлектро службата ги извршува следните задачи:

  • Изработка на техничка документација за потреби на трафостаниците;
  • Изработка на изведбени проекти и проекти на изведена состојба за ревитализација на високонапонска опрема;
  • Изработка на изведбени проекти и проекти на изведена состојба за замена на прекинувачи и заштита;
  • Електромонтажни работи за ажурирање на проекти (полагање кабли, прозвонување,обележување на жилите и каблите,поврзување, испитување и пуштање на ревитализираните полиња под напон)