Испрати по е-пошта

Оддел за далноводи

Одделот за далноводи е составен од :

  • Служба за одржување на далноводи;
  • Далноводна екипа Скопје;
  • Далноводна екипа Битола;
  • Далноводна екипа Штип;

Службата за одржување далноводи е одговорна за функционалноста на преносната мрежа во Македонија. Оваа служба одржува повеќе од 2.000 километри далнводна преносна мрежа со која оперира АД МЕПСО. За реализација на оваа обврска службата има две далноводни екипи. Едната е со седиште во Скопје, а другата во Битола. Екипите се составени од стручни лица оспособени квалитетно да ја одржуваат целата електроенергетска мрежа. Нивните задачи се состојат од редовни прегледи на мрежата, а врз основа на резултатите од прегледите следуваат ревизии на далеководите на кои се поправа и става во функција се што е утврдено како недостаток при редовниот преглед.

Далноводните екипи интервенираат кога има дефекти, а нивните членови се обучени во најкраток рок да интервенираат и да ги отстранат дефектите кои можат да настанат од атмосферски влијанија, претовар на мрежата или други непредвидливи негативни влијанија. Прегледите се вршат два пати годишно напролет и наесен. По прегледите следуваат пролетни и есенски ревизии.